Состојки:

  • 1 филџан бадеми
  • 1 филџан вода
  • сок од еден лимон
  • 1 и 1/2 лажица мед
  • 1 лажица јаболков оцет
  • 3/4 лажички лук во прав
  • 1/4 лажички сенф
  • 2 лажички морска сол
  • 1 и 1/3 филџан масло

Подготовка:

Бадемите потопете ги во вода, минимум 8 часа. Излупете ги, измијте ги и ставете ги во блендер. Додајте ги сите состојки, освен маслото (одличен избор е ладно цедено сончогледово масло). Вклучете го блендерот, и кога масата ќе биде доволно воедначена, полека ставајте го маслото. За тоа време блендерот не се исклучува. Кога ќе биде готово, префрлете го во стаклена тегличка со затворач и ставете го во фрижидер.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина