Тврдо варените јајца се одличен избор кога немате време за готвење, бидејќи се хранливи, а од нив на брзина можете да направите мал оброк со салата. Тврдо варените јајца даваат добри масти односно оние мононезаситени и полинезаситени. Штом во организмот внесувате помалку заситени и транс масти и ги менувате со мононезаситени и полинезаситени, го стабилизирате нивото на холестеролот во крвта, па со тоа го намалувате ризикот од срцеви болести. Овие масти исто така го регулираат инсулинот во крвта, кој нивото на шеќер го држи во здрав распон. Тоа е посебно корисно ако имате дијабетес тип2.

Протеини

Тврдо варените јајца се богати со протеини кои се заслужни за градење на мускулната маса. Според правилата за исхрана кои ги припишува Американската здравствена организација, секојдневната исхрана би требало да се состои од 10 до 35% протеини, односно 50 до 175 грама за некој кој консумира околу 2.000 калории. Едно големо тврдо варено јајце има повеќе од шест грама протеини.

Здравје на очите

Еден од главните витамини во јајцата е витаминот А, кој е заслужен за здравјето на мрежницата во окото, ја штити мембраната околу рожницата и го намалува ризикот од слепило. На жените дневно им се потребни 700 микрограми витамин А, а на мажите 900 микрограми. Едно големо тврдо врено јајце ќе ви обезбеди околу 175 микрограми витамин А.

Ги јакне коските

Освен витаминот А, во јајцата има и витамин Д, кој е важен за здравјето на коските. Витаминот Д всушност е хормон, а е задолжен за јакнење на коските, за впивање на калциум, здрав имунитет, нормално функционирање на нервите и штитната жлезда.

Калории

Едно големо варено јајце има околу 80 калории. Околу 60% се масти, а во најголем дел се наоѓаат во жолчката, така што лесно можете да се ослободите од тој дел ако скаате посебно да внимавате на исхраната.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина