Аналгетската активност на капсицинот, кој се наоѓа во чилито, е позната од дамнина, па така чилито може да замени аналгетици за болка, како на пример што е умерена главоболка.

Многу доктори на своите пациенти им го препорачуваат токму овој зачин. Во Јужна Америка тој се јаде секојдневно, а познат е уште пред 7500 години пред Христа. Светот го добил овој ефикасен зачин откако Колумбо ја открил Америка и од тогаш му нема рамен во отворањето на дишните патишта, намалувањето на болките и исфрлањето на отровните материи од телото. Доколку сте љубител на луто, додавањето чили за вас е нормално нешто, но ако не сте – издржете ја лутината и јадете чили – бидејќи е лековит.

Чилито помага во разградување на масните материи во телото, па е одличен сојузник во борбата со дебелината. Освен тоа, за миг ќе ги отвори дишните патишта, делумно токму поради својата лутина. Она кое нема веднаш да го почувствувате при јадењето луто е разградување на слузта, катранот и нечистотиите во белите дробови. Од таа причина тоа им се препорачува на пушачите и на оние кои имаат проблеми со органите за дишење.

Научниците истакнуваат дека чилито содржи две важни состојки во себе: каротеноиди и етерични масла. Црвената боја му ја даваат каротеноидите, додека маслата се она кое не пече додека го јадеме, односно влијаат на вкусот. Капсациноидте, пак, во чилито се оние кои го даваат чувството на пецкање, бидејќи се поврзуваат со рецепторите за болка. Но, таа болка е незначителна ако на ум ги имаме позитивните својства на чилито, а е сосема занемарлива ако сме љубители на луто.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина