Кучешкиот трн е самоникливо растение кое најчесто се наоѓа покрај бреговите на реките. Уште е попознато и како Волчји трн или Сибирски ананас. Латинското име му е Hippophae rhamnoides. Расте во облик на зимзелена трновита грмушка со висина помеѓу 1-6 метри, а може да биде и во облик на жбунови. Постојат машки и женски цветови кои растат на одвоени грмушки.

 

Одгледувањето на ова растение за лековити цели започнало во поранешниот СССР и во Германија, од каде се проширил низ остатокот од Европа. Од него се подготвува масло, односно за тоа се користат неговите бобинки, семки и пулпата. Плодот на кучешкот трн по боја е портокалово-црвен, па поради тоа маслото има темнопортокалова до рубин црвена боја.

 

Кучешкиот трн се користи за лекување многу тегоби, инфекции, кардиоваскуларни болести, проблеми со кожата, желудникот и замор.

 

Богатите состојки во една бобинка

 

Кучешкиот трн е богат со каротин и со витамините Ц, Ф, Е, природни пигменти каротеноиди, токоферол, фитостерол и палитолеинска киселина. Во вид на масло се користи како противоспалително средство, бидејќи помага за зарастување на лузни. Поради каротеноидите се смета за природен антиоксиданс и оттикнувач на имунитетот. Најмногу од овие состојки има во пулпата. Освен наведените здрави состојки, маслото од бобинките на ова растение има најголем процент на ретките омега-7 масни киселини. Покрај тоа содржи и есенцијални масни киселини и омега 3, 6, 7 и 9.

 

Ова масло содржи вкупно 106 нутритиени и биоактивни супстанции.

 

Омега киселините се извор на градбените елементи на кожата, косата и ноктите. Поради големиот процент на омега 7-масните киселини во маслото, тоа помага во борбата против брчките, сувоста, еластичност на кожата и други симптоми на стареење на кожата.

 

Покрај тоа, ова масло му помага на телото гликозата да ја претвори во енергија, да создава чувство на ситост и да ја оддржува чувствителноста на инсулин, што го прави погоден за дијабетичарите.

 

Омега 7-масните киселини во маслото од волчји трн помага во зачувување на кардиоваскуларното здравје. Тоа го намалува лошиот холестерол во крвта, а го зголемува добриот.

 

Служи за намалување на зголеменото ниво на ЦРП протеинoт, коj ги смирува воспаленијата и ги измазнува ѕидовите на артериите, што спречува да се лепи холестеролот на нив.

 

Омега-7 помага за оддржување на здравјето на желудникот, цревата и желудочната слузница, a ги намалува штетните ефекти од заразата со Ешерихија коли и Helikobakteri Pylori.

 

Каротеноидите за намалување на жолти пеги

 

 

Стандардот налага во маслото на кучешкиот трн да нема помалку од 150% каротеноиди. Меѓу нив има алфа, бета и гама каротен, лутеин, криптоксантин, зеаксантин, тараксантин и фитофлуин.

 

Нивните полезности се видливи на кожата во случај на настанок на старачка макуларна дегенерација или жолти пеги. Покрај тоа, истражувањата покажуваат дека влијае на когнитивните перформанси.

 

Растворливи витамини

 

 

Витаминот е во маслото на кучешкиот трн служи за да го заштити витаминот А и есенцијалните масни киселини од оксидација во телесните клетки, a покрај тоа го спречува разградувањето на телесните ткива. Овој синтетички облик на Е витаминот ја нема силата на природниот витамин Е. Покрај заштитата, тој е одличен антиоксиданс и спречува натрупување на токсините. Игра важна улога во детоксикацијата и заедно со витаминот А го јакне имунолошкиот систем.

 

Витаминот К1 игра важна улога во регулацијата на згрутчувањето на крвта, а е вклучен и во формирањето и закрепнувањето на коските. Помага во претворањето на гликозата во гликоген, која се складира во црниот дроб.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина