Хормоните играат голема улога во нашиот организам, а тестостеронот (машкиот хормон) е најважен од сите, бидејќи ги регулира нашите телесни процеси. Тој е одговорен и за нашиот сексуален нагон, но со тек на време неговото ниво во нашето тело почнува да опаѓа. Кога сме во своите 20-ти години, тестостеронот е на самиот врв, но веќе од 30-те секоја следна година неговото ниво опаѓа за 1.6%, a тоа може да биде голем проблем.

Ова е најчестата причина поради која мажите патат од импотенција и губење на сексуалната желба. Исто така, со недостиг на тестостерон не можете да се занимавате со физички активности онолку колку што тоа сте го правеле кога сте биле млади. Затоа овој хормон е неверојатно важен. Иако не може да се сопре неговото намалување, сепак можеме да му помогнеме на своето тело за повторно да го регенерира и создава, а во тоа може да ни помогне секојдневната исхрана.

Поради тоа ви претставуваме пет намирници кои ќе ви помогнат за зголемување на нивото на овој хормон.

1. Жолчка

Јајцата сами по себе се здрави и содржат голем број протеини, па доколку сакате да се фокусирате исклучиво на зголемување на тестостеронот, тогаш жолчките се вистинскиот погодок. Поради тоа што во нив има голема количина витамин Д3, кој го подобрува лачењето на тестостерон, по само една година вашиот тестостерон во телото ќе се зголеми за 400%.

 

2. Зелен зеленчук

 

Зеленчукот, како што се зелената салата, зелката, спанаќот, блитвата се преполни со витамини и хранливи супстанции. Сепак, многу важно соединение во овој случај е индол 3-карбитолот, кој доведува до зголемување на нивото на тестостерон.

 

3. Школки

 

Школките се неверојатно полни со протеини, па само една мала порција може да содржи речиси 18 грама протеини. Сигурно имате слушнато дека школките се одличен афродизијак, а тоа е поради тоа што го подигаат нивото на тестостерон во телото и ја подобруваат потенцијата.

 

4. Лук

 

За него често се вели дека е природен антибиотик, бидејќи е неверојатно здрав и одличен во борбата против многу бактерии и вируси. Во себе содржи диалил-дисулфид, кој го зголемува лачењето на тестостеронот.

 

5. Печурки

 

Ако сакате да бидете резервоар за тестостерон, јадете печурки. Тие се неизбежна храна на сите бодибиледери, бидејќи се одлична замена за месото, многу се здрави и, секако, го зголемуваат нивото на тестостерон. Во себе содржат ензими кои спречуваат тој да се губи и кои го поттикнуваат нивното дополнително лачење.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина