Што по лошите навики?
Сте го оставиле пушењето, што е за пофалба, но сега се плашите дека премногу ќе се здебелите. Се поставува прашањето, како да се оддржи витката линија и по оставање на пушењето?
Пушењето е биолошки процес на зависност, не само навика. Многу бивши пушачи тврдат дека престанокот со пушење значи и зголемување на телесната тежина, што делумно е точно, бидејќи склоноста кон дебелеење во тој случај првенствено е последица од „нервозната“ глад, која е поврзана со никотинската апстиненција. По оставањето на пушењето, најпрво се враќаат сетилата за мирис и вкус, така што тие повторно „оживуваат“ и ја поттикнуваат желбата за поголема количина храна. Во првите месеци веројатно ќе ве измачува лошото варење на храната, опстипација (запек), бидејќи нема поттикнување на цревата. Тогаш треба да се пијат многу течности, пред се негазирана вода, растителни чаеви (нане, зелен чај, мајчина душица), a исто така, треба да се зголеми вносот на растителни влакна за да се ублажи неодолливата потреба за цигари и воедно да се спречи можен запек (посебно ако наутро постои навиката: појадок, цигара со кафе, a потоа веднаш одење во тоалет). Уживајте во аромата и финиот мирис на кафето без цигари, или во богатите вкусови на чаевите.
Неколку совети:
- Јадете ја вообичаената храна, но секогаш во приближно исто време. Долго џвакајте го секој залак.
- Секој ден земајте по три оброци кои вклучуваат различни видови храна: месо, млечни производи без претопли сирења, житарки, овошје, свеж или сварен зеленчук, немасни супи и чорби.
- За појадок, јадете варени житарки, интегрален леб, млечни производи, јајца и слично.
- Не пржете и не јадете пржено месо или зеленчук.
- Одбегнувајте месни преработки, како што се паштети, салами, колбаси и т.н.
- Одбегнувајте сосови и преливи.
- Овошјето користете го како слатко, а консумирајте го помеѓу 16 и 18 часот, по зимско сметање на времето, и 17 и 19 часот, според летно сметање на времето. Не претерувајте во количината, бидејќи е сосема доволно да изедете едно јаболко или две мандарини.
- Откажете се од постојаното грицкање. Не ги ,,лекувајте,, нервозните мигови со грицки, како што се чоколада, соленки и бисквити.
- Определете се повеќе за сирови бадеми или лешници. Лесно се варат кога ќе се изџвакаат добро или сомелат. Против нервоза корисен е матичен млеч, во комбинација со полен.


