Лукот и лимонот се сметаат за одлични средства за чистење на крвните садови, намалување на нивото на холестерол, зајакнување на зидовите на крвните садови и намалување на ризикот од опасни болести како што е атеросклерозата

Чистењето на крвните садови се препорачува за ослободување на токсините од крвта, зголемување на еластичноста на крвните садови и нивното чистењеоднаслагите на холестерол . Тоа се спроведува на многу различни начини, од консумирање на различни народн и препарати до земање на лекови, плазмафереза, и ласерско чистење на крвта.

Потребно е да се знае дека чистењето на крвните садови со помош на лекови предизвикува поголем број на контраиндикации. Нивната примена е последен чекор, кога другите средства не помагаат. Затоа, чистењето накрвните садови од наслагите на холестерол со помош на народните лекови е посигурно и побезбедно, но, исто така, бара внимателен и правилен однос спрема нив, со цел да не му наштетат на здравјето.

recept_1

Лукот и лимонот се сметаат за многу ефикасни средства за чистење на крвните садови, намалување на нивоата на холестерол, зајакнување на ѕидовите на крвните садови и намалување на ризикот од опасните болести како што е атеросклерозата.

Тинктурата од лимон и лук се користи во руската народна медицина повеќе векови. Исто така, оваа лековита тинктура го спречува формирањето на канцерогените клетки, што е повеќе пати потврдено и со научните истражувања, како и фактот дека лукот содржи високо ниво на антиоксиданси, кои му додаваат својства за регенерација и подмладување.

За лековитата тинктура за чистење на крвните садови од наслагите на холестерол ќе ви бидат потребни :4 главици лук ,4 лимони со средна големина со кора, како и околу 3 литри зовриена вода.

Начин на подготовка:

Лукот исечкајте го на чешниња и исчистете ги внимателно. Лимоните прелијте ги со врела вода и исечете ги на парчиња. Сето ова сомелете го со помош на машина за мелење на месо. Сомелената смеса ставете ја во чиста стаклена тегла од 3l и прелијте ја со топла зовриена вода, додека не се достигне до крајот на теглата. Поклопете и оставете ја смесата во фрижидер да отстои 3 дена. После тоа, процедете ја и чувајтеја во фрижидер.

Начин на употреба:

Максималната доза на еден напиток e 50 мл по 3 пати на ден, пред јадење. Сепак, чистењето на крвните садови треба да започне со мали дози (1-2 супени лажици). Доколку не постојат непријатности, дозата пополека треба да се зголемува се додека не се достигне дозата од 50 мл.

Траењето на третманот е 40 дена. Чистењето на крвните садови на овој начин, се препорачува да го спроведувате еднаш годишно, секако по консултација со лекар. По консумирањето на овој напиток, се подобрува циркулацијата на крвта и нејзиниот липиден состав, се нормализира крвниот притисок, се подобрува циркулацијата во мозокот и полесносе губат вишокот килограми.