1. Тампоните имаат рок на траење

Многу жени не ни знаат дека тампоните имаат свој рок на траење. Забораваме дека тие сепак не се стерилни и затоа треба секогаш да им се проверува датумот на производство и рокот на траење. Стручњаците предупредуваат дека рокот на траење на тампоните кои ги носиме во чантите дополнително се намалува поради изложеноста на прашина, парфеми и бактерии кои се наоѓаат во истите. За разлика од влошките, тампоните се вметнуваат во вагината и затоа треба да се внимава кога се користат, бидејќи оние на кои им е истечен рокот на траење можат да предизвикаат инфекции.

2. Одбегнувајтемиризливитампони

Првиотмиризливтампон се појавил во 1971 година. Меѓутоа, гинеколозите предупредуваат дека треба да се одбегнува ставањето вакви тампони, затоа што тие поради материјалот, односно додатоците кои ги содржат, го зголемуваат ризикот за развој на габични вагинални инфекции или чешање. Од истата причина треба да се одбегнуваат и дневните секојдневни влошки.

 

3.Ги миете рацете само по ставањето на тампонот

Рацете треба да се измијат и пред ставањето тампон, со цел да се спречи внесувањето на несакани бактерии во вагината.

4. Не го ставате тампонот доволно длабоко

Како ќе знаете дали сте го ставиле тампонот доволно длабоко? Така што нема воопшто да го чувствувате. Ако е ставен премногу плитко, тоа ќе ви пречи и ќе предизвикува непријатно чувство.

5. Користите само една големина тампони

За деновите со посилна менструација треба да се користат поголеми тампони поради подобро впивање, но штом таа ќе стане послаба треба да се ставаат помали тампони, кои впиваат послабо.

6. Премногу ретко ги менувате тампоните

И тогаш кога менструацијата е слаба, тампонот треба да се менува на секои четири до пет часа. Така се спречува развојот на бактерии.

7. Користите тампони кога имате секрет

Во средина на циклусот позасилениот секрет е нормална појава, но не смеат за тоа да се користат тампони, бидејќи можат да ја нарушат природната киселост на вагината, што може да доведе до воспаление.

8. Носите тампон и ден пред и ден по менструацијата

Ова се прави како мерка на претпазливост, но користењето тампони и пред и после менструацијата не се препорачува, затоа што не добро да се користат кога вагината е сува.

9. Не го менувате тампонот по вршење на нужда

Тампонот не треба да се менува по секоја мала нужда, но после три – четири пати задолжително треба да се промени. А секојпат по голема нужда треба веднаш да смени, со цел да се спречи размножувањето на бактерии.

10. Не го менувате тампонот по капење

Без разлика дали се капете во базен, река, море или езеро, тампонот мора да се промени штом ќе излезете од вода. Кончето од тампонот намокрено со хлор, со солена или речна вода може да доведе до иритација на кожата.

11. Тампоните ги држите на место каде прска вода

Одбегнувајте да ги чувате тампоните во близина на туш, за да не се натопат со вода. Треба да се чуваат во некоја затворена фиока, за да останат подолго време суви и свежи.

12. Користење тампони по бременост

Крварењата по породувањето можат да бдат обилни. Младите мајки често имаат болки и нивниот имунолошки систем е повеќе склон кон развој на инфекции, како одговор на тоа што матката уште не им е закрепната од шокот и не е вратена во нормала. Затоа не се препорачува да се користат тампони во овој период, туку влошки, се додека крварењата не престанат.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина