Kуркума: го штити срцето, го лекува мозокот и помага во спречување на малигни заболувања
Овој навистина чудесен и многу лековит зачин е вистински благодет за организмот, бидејќи не само што што го поттикнува јакнењето на имуниот систем, туку може да ви помогне и при разни инфекции, бидејќи се смета за природен антибиотик. Според одредени истражувања, куркумата има можност да ги обновува мозочните клетки, па затоа е многу корисен за заболените од Алцхајмерова болест, но истовремено и одлична превентива. Можете да ја користите на разни начини, а ние овде ви претставуваме три најпопуларни:
Колачи од куркума за јакнење на имунитетот
Состојки:
– 500 гр. брашно
– 1 лажичка сода бикарбона
– 1 лажичка ѓумбир во прав
– 1 лажичка куркума
– прстофат бибер
– 300 гр. мед
– сок од еден лимон
– 1 дл. маслиново/кокосово масло
Подготовка:
Најпрво промешајте ги сувите, а потоа и мокрите. Соединете ги добро и се добро измешајте. Обликувајте топчиња и редете ги во плех кој претходно сте го обложиле со хартија за печење. Печете ги околу 20 мин. на 170 степени.
Паста против псоријаза и акни
Состојки:
– 3 лажица зелена глина
– 1 лажичка куркума
– 2-3 капки маслиново масло
Подготовка:
Измешајте ги сите состојки, направете паста и нанесете ја на лицето, како маска. Оставете да делува околу 30 мин. Потоа измијте го лицето со млака вода.
Лек за болно грло
Состојки:
– 250 мл. млака вода
– 1 лажичка куркума
– ½ лажичка морска сол
Подготовка:
Измешајте ги сите состојки и правете гаргара неколкупати дневно. Воспаленото грло ќе се смири, а резултатите ќе ги почувствувате речиси веднаш.