Студот, влагата и ветрот ги ,,фрлаат во очај,, сите оние кои патат од костоболка, а тоа е огромен број на луѓе. Докторите проценуваат дека секој десетти жител на земјата има некоја болест на коскено – зглобниот систем. На тегобите кои ги предизвикуваат овие болести лошо влијае зимата, пред  се поради гилемата влажност на воздухот, па со тоа симптомите се влопуваат.

 

Поради тегобите кои значително многу влијаат на нивните секојдневни активноси, оние кои патат од коскено – зглобни болести посегнуваат по лекови против болка повеќе одошто тоа го толерира медицината, со што ризикуваат да ги оштетат другите органи, пред се желудникот.

 

Ревматолошките оддели и онака се преполни, бидејќи жителите се се повеќе постари, а со годините залестени се и болестите на коскено-зглобниот систем. Кога станува збор за деформитетите, пациентите воглавно се постари, односно се постари од 55 години. Воглавно боледуваат од артроза, дегенеративни заболувања, и тоа најмногу на колковите и колената, а кај жените почеста е остеопорозата поради хормоналниот дисбаланс по менопаузата.

 

Болестите на коскено – зглобниот систем, ако се открие навреме, може успешно да се лекува. Постојат повеќе методи за тоа: од физикална терапија, преку вбризгување хијалуронска киселина во зглобите за обнова на рскавицата, до употреба на разни гелови и креми против болки и бањска рехабилитација. Сето ова, ако се примени на време, може да ја оддложи операцијата за дури 10 години.

 

Иако поради болките во зглобовите многумина од пацинетите поретко се движат, докторите велат дека тоа е погрешно и дека треба да бидат физички активни. Тоа помага за зглобите да се ,,размрдаат,,, бидејќи физичката активност има сличен ефект како аналгетиците.

Кај воспалителен и дегенеративен ревматизам, остеопороза, но и по повреди и операции, по вградување вештачки колк или колено, физикалната терапија, како и рехабилитацијата во бања, е исклучително важна.

 

Едно од најтешките ревматски заболувања е ревматскиот артритис, од кои заболуваат дури и децата. Ако не се лекува правилно, за две години тој доведува до оштетување на зглобовите, поради што се развива инвалидитет, а пациентите постојано трпат болки. Оваа болест најмногу ги загрозува дланкие и стапалата и доведува до непоправливи оштетувања. Може да ги зафати и другите органи, а кај децата дури и очите, доведувајќи ги до слепило.

 

Од ревматски болки повеќе патат жените од мажите, и тоа не без причина, бидејќи искуствата на докторите потврдуваат дека жените, поради хормоните, за три пати повеќе се поподложни на ова заболување од “посилниот пол”.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина