Исклучително ароматичната хризантема (лат.Tanacetum parthenium), некогаш ги красела ридестите предели, но денес може да се види ширум планетата во земји кои имаат умерена клима. На прв поглед, поради големата сличност на цветовите, може да се замени со камилицата. Но, разликата веднаш се забележува, бидејќи жолто-белите цветови на ароматичната хризантема се густо поставени како копчиња, се сместени на разгранатото стебленце. По својот изглед најмногу наликува на ситна хризантема, но со сосема поинаков мирис. Цвета од јули до август, богата е со соединенијата терпен, кумарин, флавоноиди и полиацетилен. Поради состојката партенолид има антибактериска активност и кон грам-позитивните и кон грам-негативните бактерии, од кои најпознати се стафилококус ауреос, ешерихија коли и салмонела.

Ова растение со векови се користи во традиционалната медицина за намалување покачена температура и за лекување главоболки, забоболки, болки предизвикани од артроза, проблеми со варењето, но и при каснување од инсекти. Препаратите се подготвуваат во вид на чај, тинктура, таблети и капсули помага во лекување стерилитет, менструални проблеми, напнатост и раздразливост. Олеснува и трудови при породување, а за време на менопауза го олеснува присуството на топлотни бранови. Народните доктори ова растение го користеле за лекување разни болести, вклучувајќи ја и шугата, болви и вошливост.

Истражувањата спроведени ви Велика Британија дека секојдневното консумирање капсули од ова растение може да ги намали нападите на мигренски главоболки. Се има покажано и како ефикасно во случаите на артритис, бидејќи го намалува производството на простагландин, супстанцијата која доведува болка и воспалеие во глобовите. Со него се постигнува противоспалително дејство и се намалува отокот на зглобовите при ревматски артритис истражувањата имаат потврдено дека неговиот ефект е подобар и од нестероидните противвоспалителни лекови.

Поради силните состојки кои ги содржи во себе, не им се препорачува да го користат оние кои се склони на крварење како и оние кои се подготвуваа за операција, но и оние кои земаат антикоагулациска терапија (лекови кои спречуваат згрутчување на крвта). Не смее да се користи ни за време на бременост, а треба кога се консумира да се одбегнува да се зема хепарин, аспирин, варфарин и некои други нестероидни лекови против воспаленија.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина