Кога температурите ќе се снижат, грееното вино е еден од омилените зимски специјалитети. Овој прекрасен топол напиток може брзо и едноставно да се подготви во удобноста на ншиот дом. Многу од нас уживаат во грееното вино, дури и оние кои не преферираат вино сепак го сакаат овој топол напиток. Секако дека овој пијалок е традиција и задоволство за конзумирање, но време е да се запрашаме дали е и здрав пијалок? Одговорот е  да ! Вистински рецепт за греено вино не постои, променлив е, во зависност од тоа за што планираме да го конзумираме. Грееното вино многу често се користи како лек против настинка, грип, температура, подобрена циркулација и крвна слика.

greenovino1

Греено вино како лек против настинка

Грееното вино во борба против настинката може да биде многу ефикасен лек. За да добиете квалитетен лек, во виното додајте неколку зрнца бибер и неколку ловорови листови, во зависност од количината на вино која ја правите. Сепак, имајте на ум дека грееното вино е сепак вин , и дека дозата мора да биде прилагодлива бидејќи во спротивно може да се опиете.

Грееното вино како афродизијак

Освен што грееното вино е добро во борбата против настинките, интересно е тоа што грееното вино може да биде и најдобриот афродизијак кој може да го подготвите во домашни услови. Една чаша греено вино е одличен начин да ја загреете атмосферата помеѓу вас и вашиот партнер, а освен тоа го подигнува и квалитетот на сексуалниот однос, ја подобрува и одржува ерекцијата кај мажите.

Како да подготвите греено вино

За греено вино не се одбираат врвни и сортни вина, бидејќи аромата на цимет и другите состојки доминира, па се губи аромата и вкусот на виното.Основниот рецепт може да се прилагодува со додавање или одземање на количините на секоја состојка според сопствениот вкус и видот на виното. Во црвеното греено вино може да се изренда и малку кора од портокал, што не е традиционална состојка, но дава одличен вкус.

Доколку сакате многу вкусен и здрав напиток од црвено вино, кој ќе има најубав вкус, а истовремено ќе биде и моќен афродизијак ви го претставуваме овој рецепт :

Виното загрејте го заедно со кора од портокал, две морски оревчиња, половина лажичка цимет и една лажичка шеќер. За кратко време ќе добиете еден вкусен и здрав напиток, совршен за студените зимски вечери. Уживајте!!!