Симптомите кои можат да укажуваат на камен во бубрег се ненадејни болки во долниот дел на грбот. Болките се непријатни и болни кои знаат да бидат многу проблематични и непријатни. Каменот може да ги затне уринарните патишта и тогаш доаѓа до зголемена температура и отежнато болно мокрење. Сепак, се чини дека оваа ситуација може да се ублажи и реши и тоа за само десеттина дена. Сите оние кои имаат камен во бубрег можат да си ги скратат маките на многу едноставен начин, и тоа со помош на еден едноставен лек кој многумина ги има спасено од болките и тегобите кои со себе ги носи овој здравствен проблем… Ако барате забавен начин за некому да му го решите овој сериозен здравствен проблем и можеби да му го спасите животот, не морате да одите далеку. Доволно ќе биде што почесто да водите љубов со оној кој има камен или песок во бубрезите!

Понекогаш се чини дека научниците немаат попаметна работа, па се занимаваат со секакви луди истражувања, со намера да докажат дека нешто е невозможно. Но, резултатите и нив самите понекогаш ги изненадуваат. Најновото истражување имало за цел да проучи дали со редовен секс еден заболен со камен во бубрегот може полесно да го исфрли. Во фокусот на ова истражување биле пред се песокот, каменчињата и другите кристали наталожени во долниот дел на уретрата (цевчињата кои ги поврзуваат бубрезите со мочниот меур). Така, мноштво романтични парови – волонтери (едниот партнер го имал овој здравствен проблем) биле поделени на три групи. На болните, истражувачите за време на траењето на истражувањето редовно им земале урина, со цел да го измерат присуството на кристали во неа. Првата група имала задача само да води љубов до три до четири пати неделно, без никаква друга терапија.

Во втората група, заболените примале тамсулосин, лек кој ја потмомага релаксацијата на мазната мускулатура и овозможува полесно исфрлање на каменот, а секс имале вообичаено (во просек еднаш до два пати неделно, а некогаш и поретко).

Во третата група, пациентите биле на стандардни лекови за кршење на каменот во бубрегот и имале просечна количина секс.

Како што се покажало, дури 80% од испитаниците кои во период од три недели биле на чиста секс терапија успеале да исфрлат барем дел од проблематичните камчиња! Тоа е огромен успех во однос на контролните две групи кај кои успешноста била само 35%. Па, ако имате камен или песок во бубрег, или во мочниот меур, очекувајте докторите многу брзо наместо лекови да почнат да ви препишуваат секс! Сигурни сме дека се работи за терапија во која особено ќе уживате.

Е, сега за сите оние кои не веруваат во ова или кои не се толку по сексот (иако не веруваме дека постојат такви), ви го препорачуваме овој напиток:

Земете неколку суви смокви и исецкајте ги на ситни парчиња. Потопете ги во чашка со свежо направена лимонада и оставете ги да отстојат преку ноќ. Наутро прелијте ги со вриена вода (1дл.) и така подготвениот напиток испијте го на гладно. По околу седум до десет дена урината треба да има темна боја. Тоа е сигурен знак дека каменот почнал да се топи.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина