(Gratiola officinalis. Лат), во народот е познат уште и како коњска трева или воден троскот, е многу омилено и ценето растение поради својата лековитост. Ова повеќегодишно растение расте по ливадите и долините на реките и езерата, но и во мочуриштата. Освен по белите цветови, се препознава и по копјестите листови, кои на врвот се малку назабени. Прататковина му е Мексико, а се одгледува во Индија. Кај нас може да се најде од јуни до август. За лековити потреби се бере неговиот надземен дел, додека е во цвет, а се суши во тенки слоеви на провев или во ладовина.

 

Од корисните состојки, најмногу ги содржи гликозидите грациолин и грациозид, горчливи материи, сапонини, флавоноиди, како и смола, која е силно средство за прочистување. Во народната медицина, чајот и екстрактот од коњска трева најмногу се користат за чистење на стомакот, кај ревматски, кожни и полово преносливи болести и кај катар на мокрачните патишта. Ова растение е исклучително ефикасно за срцето, кај срцеви маани и други кардиоваскуларни тегоби. Помага и кај болести на белите дробови, воспаление на стомачната марамица, остранува отоци настани како последица на слабост на бубрезите, кај зголемен црн дроб, едеми на стомакот, нозете и рацете. Препаратите од коњска трева не би смееле да ги пијат оние коиимаат проблеми со слузокожата на стомакот и цревата, како и оние кои чувствуваат болки и тешкотии додека јадат. Со оглед на тоа што не е во целост испитано, неопходно е строго придржување до упатствата и почитување на советите на народните доктори и тревари.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина