Општо е познато дека потењето е нормална физиолошка појава. Со потење ги исфрламе штетните материи од организмот и така тој се чисти. Со потење во големите жештини телото се разладува и го штити организмот од прегревање. Токму затоа што со потењето од телото излегуваат штетните материи, потта има непријатна миризба, која се влошува во комбинација со бактериите кои се наоѓаат на површина на кожата, посебно под пазувите, каде потењето е најсилно. Мирисот на пот најмногу зависи од нашите прехранбени и други животни навики и од функционирањето на нашиот организам, па поради некои проблеми во организмот може и да се засили, што е едно од првите предупредувања дека нешто не е во ред во организмот.

 

Поради се наведено, човек мора да се поти и да не го сопира потењето со разни препарати коишто го спречуваат тоа, па поради тоа сите штетни материи остануваат во организмот и се манифестираат во облик на разни алергии, јазли и грутчиња под пазувите, на градите и сл. Токму настанокот на рак на дојката е тесно поврзан со користењето на штетни козметички производи коишто содржат парабени (метил-парабен, етил-парабен, пропил-парабен, бутил-парабен, изобутил-парабен и E216), штетни метали (алуминиум, бакар, арсенит, олово, антимон, жива, бариум, кадмиум, селенит, никел, хром, коситар, кобалт и ванадат) и многу други. Овие хемикалии обично се користат во дезодорансите и антиперспирантите.

Дезодорансите и антиперспирантите се некои од примарните извори на парабен. Важно е да се препознае дека, без оглед на тоа што нанесувате на кожата, може да биде апсорбирано во телото и потенцијално да предизвика сериозна штета со тек на време. Постојат бројни истражувања кои го докажуваат тоа.

Затоа треба да се бираат само целосни природни производи, дезодоранси коишто делуваат антибактериски и ги неутрализираат непријатните миризби, а не го спречуваат потењето и не содржат конзерванси, парабени и штетни метали како што е алуминиумот.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина