Било да се работи за одење на одмор или некој важен настан, на секоја жена и се има случено да посака да ги скрати деновите за време на менструацијата и да ги ,,забрза нештата,,.

 

Постојат неколку начини за да се направи тоа, а некои се сосема природни и достапни на сите.

 

Сексот е добро познат метод со кој се забрзува изфрлањето на менструалната течност. Причината за тоа се поинтензивните и позачестени контракции за време на оргазмот. Исто така, можете да ги постигнете истите резултати и за време на мастурбирање.

 

Ако им се верува на вегетаријанците, оние жени кои јадат повеќе видови зеленчук имаат покуси и помалку обилни циклуси. Тоа резултира со намалено ниво на железо во организмот поради специфичниот начин на исхрана. Овој метод можеби дава помали резултати, но зеленчукот секако ќе ви дојде добро.

 

Некои жени за време на циклусот користат тампони, а други влошки. Се е работа на избор, но оние жени кои користат влошки, забележуваат дека менструацијата им трае пократко. Тампонот го затвора влезот на вагината и со тоа се спречува слободниот проток на течност, додека кај улошките работите се поинакви.

 

Големи дози од витаминот Ц можат да доведат до зголемување на нивото на прогестеронот во организмот, кој може да ги скрати деновите на крварење. Останува неизвесно дали е можно да се внесе толку голема доза витамин Ц, а да не се ризикува да се добијат стомачни тегоби.

 

Лековите како андолот и бруфенот можат да ја намалат болката за време на циклусот, а можат и да влијаат на брзината на исфрлање на течноста. Тие можат да доведат до зголемена контракција на материцата и на тој начин да го скусат времетраењето на циклусот. Бруфенот ја разредува крвта, па може да ви изгледа како повеќе да крварите.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина