Сигурно сметате дека многу добро си го познавате пенисот. И, ако можеби сметате дека со него е се во ред и нормално, вашиот уролог може да го мисли сосема спротивното. Погледнете во продолжение што кажуваат експертите за пениси за очигледно незабележителните промени на пенисот, кои всушност треба да бидат причина за загриженост. Доколку имате некаков симптом од следнава листа, треба веднаш да се јавите на доктор.

 

1. Црвенила на кожата

 

Сте забележале црвена, груба на допир, кожа во коренот на пенисот, веднаш под главата. Обично црвенило, ќе си помислите. И, можеби сте во право. Но, ако таа кожа на допир е болна или чувствителна – а сте немале набрзо сексуален однос, кој нормално може да доведе до таква состојба на кожата – тогаш може да се работи за канцер на пенисот, објаснува Рајан Терлецки, уролог на Универзитетот Wake Forest, во САД. Ако канцерот се открие рано, за тоа може да се погрижи една обична локална површинска операција. Ама ако чекате долго, тогаш може да ви биде отсечен дел од пенисот или дури и целиот пенис, предупредува Терлецки.

2. Затегната кожа

Кожата на главата од пенисот е затегната малку. Исто така, можно е да забележите и бели дамки во истата регија. Без разлика на тоа дали чувствувате или не некаква болка, можно е да имате нешто што се нарекува лишајска склероза – состојба на кожата која може да настане како последица од хормонски дисбаланс или пад на имунолошкиот систем. Посебно треба да се загрижат оние кои не се обрежани или ако треба да запнете кога уринирате. Доколку не се третира, лишајската склероза може да доведе до канцер или до целосно блокирање на уринарниот тракт, што ќе ве донесе многу брзо на интензивна нега.

4. Крв во водата

Ако забележите било каква крв во урината, тоа може да биде знак за камења во бубрезите или за зголемена простата. Кажано со медицински израз, ,,крвта во урината е канцер, додека не се докаже спротивното,,. Ако, пак, со урината е се во ред, но забележите дамка крв на долната облека, не тревожете. Наместо тоа, проверете го скротумот и коренот на пенисот дали имаат мало испапчување или дамки со сина боја. Ако дамките се раширени и ако тие се изворот на крвта, тогаш со сигурност имате ангиокератоми, кои се сосема безопасни. Но, ако се групирани на едно место и ако тоа место особено многу чеша, тогаш се работи за Пагетова болест и ќе биде потребно нивно итно хируршко отстранување.

5. Грутки на тестисите

За мажите на возраст помеѓу 15 и 35 – годишна возраст канцерот на тестисите е најчест облик на заболување. Индикативните знаци се тврди, болни маси или грутки на тестисите. Ако се откријат рано, во 99% од случаите се излечливи. Од таа причина се препорачува еднаш месечно да се вршат контроли за појава на било какви абнормалности. Овој самопреглед најдобро се врши под врел туш, кога тестисите најмногу висат подалеку од телото.

6. Пејрониева болест

Оваа болест доведува до закривување или промена на анатомијата на пенисот, а последица од тоа е неможност за ерекција и/или пенетрација. Чести симптоми се: болка при ерекција, закривеност на пенисот, губење на квалитетот на ерекцијата, скратување на пенисот или намалување на неговата дебелина, неможност за одржување на ерекцијата и еден или повеќе јазли под кожата на пенисот. Понекогаш протокот на крвта низ пенисот е намален и го оневозможува кревањето на пенисот. Пејрониевата болест погодува мажи од 20 до 80 – годишна возраст. Поврзана е со шеќерна боелст или е последица од внетнување катетер во уретрата, повреда на полово – мокрачниот систем, а во последно време е позачестена кај помладите мажи кои се под стрес.

Тагови: мажипенис
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина