Неуробик е најдоброто име за менталната вежба која го ,,доведува во форма,, нашиот мозок. Се вклучуваат сите пет сетила, а со редовно вежбање се зајакнуваат нервните клетки и меморијата. Еве како изгледаат.

 

1. Мијте ги забите со спротивната рака

 

Истражувањата покажале дека користењето на недоминантната мозочна хемисфера (што оваа вежба го подразбира) како резултат на тоа брзо и значајно ја проширува мозочната кора.

Вежба: Едноставно измијте ги забите со недоминантната рака и не заборавете со истата рака да ја отворите пастата за заби и да ја нанесете на четкичката.

 

2. Туширајте се со затворени очи

 

Тактилните чувства активираат неколку делови од мозокот. Со рацете можете да ја почувствувате текстурата на вашето тело, која е невозможна да се види со голо око, а сето тоа благодарение на нервните завршетоци во рацете кои испраќаат сигнали до мозокот.

Вежба: Обидете се да го користите само сетилото за допир (но, бидете внимателни за да одбегнете повреди). Подесете го млазот само верувајќи на своите чувства и меморија. Потоа туширајте се и за сето тоа време држете ги очите затворени.

3. Прекршете ја вообичаената утринска рутина

 

Истражувањата на мозокот покажале дека мешањето на вашите дневни задачи ја зголемува дебелината на мозочната кора и ја подобрува работата на мозокот.

Вежба: Облечете се по појадокот, одберете ново место за да го прошетате кучето, најдете го омилениот ТВ канал или радио станица.

 

4. Променете го местото на масата

 

Кај повеќето семејства секој член има свое одредено место на масата, но мозокот треба постојано да се изненадува со нови искуства за да се развива.

Вежба: Променете го местото на масата, но така што вашиот поглед на просторијата и луѓето да биде сосема поинаков. Ќе видите дека дури и начинот на кој посегнувате по салатата е променет.

 

 

5. Отворете го прозорецот од автомобилот

Хипокампусот е дел од мозокот задолжен за меморија, а вашето помнење ќе биде поживотописно ако вклучува мириси, звуци и нови пејзажи.

Вежба: Обидете се да препознаете нови мириси и звуци при вашиот пат. Отворениот прозорец ќе ви помогне во тоа.

 

6. Проучувајте ги производите во супермаркет

Во секој супермаркет најпродавани производи се оние кои се поставени во ниво на окото на купувачот. Затоа, кога купувате, не гледате многу.

Вежба: Застанете во секој ред и разгледајте ги полиците од дното кон врвот. Ако забележите нешто што не сте виделе порано, земете го тоа, прочитајте ја листата на состојките и размислете. Не морате дури ни да го купите тој производ, бидејќи главната задача е завршена, сте ја разбиле востановената рутина.

 

7. Читајте поинаку

Кога ги читаме или слушаме луѓето, активираме различни регии од нашиот мозок, а кога читаме во себе или на глас, нашиот мозок исто така работи поинаку.

Вежба: Читајте на глас со вашиот партнер, а потоа заменете ја улогата на читач и на слушател. Можеби ќе ви биде потребно повеќе време за да ја завршите книгата, но ќе поминете повеќе време заедно.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина