Состојки:

 

За бомбиците:

 

  • 200 гр. сецкан кокос
  • 1 лажичка зелен мача чај во прав
  • прстофат хималајска сол
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 2 лажици мед или агава сируп
  • 1 лажица кокосово брашно
  • 2 лажици крупно мелени препечени лешници
  • 3 лажици вода
  • 20 цели лешници

 

За прелив:

 

  • 100 гр. квалитетна црна чоколада
  • 2 лажици кокосово масло

Подготовка:

 

Прво потпечете ги лешниците. Рерната загрејте ја на 200°C, ставете ги лешниците на плех за печење и печете ги додека лушпите не и добијат темнокафеава боја. Одреме-навреме мешајте ги. Потоа излупете ги и ставете ги во блендер. Миксајте ги. Околу 20 оставете за во средина на бомбиците. По лешниците, миксајте го и кокосот, додека да добиете масна смеса (околу 10 минути). Додадете ги мача чајот во прав, солта, екстрактот од ванила, медот или агава сирупот и кокосовото брашно. По потреба, додадете околу 3 лажици вода. На крај додадете ги крупно мелените лешници и миксајте додека да добидете смеса која нема да се лепи на прстите и од која ќе може да се обликуваат бомбиците. Смесата остаВете ја на ладно околу половина час. Потоа од неа обликувајте ги бомбиците. Во секоја бомбица во средината ставајте по еден лешник. Оставете ги 15 минути во фрижидер.

На пареа стопете ги заедно чоколадото и кокосовото масло, извадете ги бомбиците и секоја валкајте ја прво во чоколадниот прелив, а потоа во  кокос, мелени лешници или мача чај… по желба.

Тагови: рецепти
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина