Жилијан Новс, астролог, објаснува како ѕвездите можат да не водат на патот до добивање витка линија, но дава и совети за диетите кои се темелат на хороскопскиот знак.

ОВЕН: Натпреварувањето како мотивација

За овните велат дека се склони да започнуваат нов режим на исхрана без премногу планирање, очекувајќи брзи резултати, но и дека можат многу брзо да загубат интерес ако ефектите од диетата не се видливи во најкус можен рок. За нив, добра идеја е да се натпреваруваат со некого, бидејќи желбата за победа ќе ги натера да го дадат најдоброто од себе.
Совет: Важно да се фокусираат на протеините наместо на јагленохидратите.

БИК: Гладувањето прави да се чувствуваат бедно

Биковите сакаат да јадат, па од строга диета можат да се чувствуваат ускратено и бедно. Затоа би требале да држат диета полна со вкусна, но здрава храна, која ќе биде креативно аранжирана на чинијата. Припадниците на овој знак треба постојано да се потсетуваат дека здравата исхрана може да им пружи подеднакво многу задоволства како и оние кои се богати со калории. Штом еднаш ќе започнат диета, нивната жилавост и истрајност ќе дојде до целосен израз и нема лесно да се откажат.
Совет: Треба да одбегнуваат шеќери и претерано тешка храна.

БЛИЗНАЦИ: Лесно ги согоруваат калориите

Близнаците, како што тоа го сугерира и нивниот знак, сакаат да работат најмалку две работи одеднаш, па за нив идеална комбинација е диета со програми за вежбање. Со оглед на тоа што се активни и постојано се во движење, близнаците значително брзо и едноставно можат да согоруваат калории, а главен предизвик им е како да останат посветени само на една диета. Тие треба да си дадат доволно време за да седнат и да изедат избалансиран оброк, а не да јадат нешто ,,од нога,, затоа што брзаат. Освен тоа, склони се кон тоа повеќе да зборуваат за новиот начин на исхрана наместо навистина да го практикуваат.
Совет: Одбегнувајте брза храна.

РАК: Бара утеха во храната

Никој од другите хороскопски знаци не е толку многу склон да бара утеха во храната како што се припадниците на овој знак. Тие често посегнуваат по храна со цел да можат да се изборат со некои болни емоции. Поради тоа, односот кон диетата е многу важен. Треба да планираат поздрав режим на исхрана, како начин со кој ќе се сакаат и негуваат себеси, а не како начин на ускратување.

Совет: Може да постои искушение да имаат мало тајно засолниште со недиетални слатки во кое ќе се нурнат, но треба да му се спротивстават на тоа искушение и да одбегнуваат нездрава храна.

 

ЛАВ: Лесно му е да издржи
За лавовите е многу важно да се задоволни од самите себе и да гледаат на диетата како начин кој треба да го постигнат. Спонтаноста и самодовербата им овозможуваат да прифатат нови здрави планови на исхрана полни со идеи и ентузијазам, а силата на нивниот карактер им помага во тоа.
Совет: Богатите сосови треба да ги заменат со лесни маринади.

 

ДЕВИЦА: Не е за брзи диети
Девиците се практични и методични, добри се во составувањето листи. За нив исхраната е секогаш многу важна, а ако започнуваат посебен режим, нема да им претставува проблем да водат дневник на исхрана, да планираат се што треба да се јаде според хранливите вредности и здравствените предности. За нив не се брзите диети, а проблем може да претставува склоноста кон перфекционизам, па не треба да бидат поради тоа премногу строги кон себе ако понекојпат се ,,лизнат,,.
Совет: Да консумираат органска храна, со цел да ги одбегнат алергиите.

ВАГА: Да избира храна богата со калиум
Со толку многу диети, на вагите ќе им биде тешко да се одлучат само за една. А кога ќе се одлучат, можат да дојдат во искушение да се префрлат на некоја друга. Ним не им недостасува мотивација која ќе им ги следи навиките во исхраната, посебно ако резултатите ги направат физички попривлечни. Вагите треба да држат диети со најдобриот пријател/пријателка, за да можат да ги споделуваат искуствата.
Совет: Да избираат храна богата со калиум, како што се бананите, лисјестиот зеленчук, риби и јогурт.

СКОРПИЈА: Не им пречи строг режим

Скорпиите имаат силна воља. Затоа, кога ќе се решат да се стават на диета, речиси со голема сигурност ќе се придржуваат до таа исхрана за да ги контролираат своите нагони, а нема да им претставува проблем да се подложат на построга диета ако на крајот од патот ги очекуваат посакуваните резултати.
Совет: Внесете што повеќе сирова храна во својата исхрана.

 

СТРЕЛЕЦ: Сака брзи резултати
Стрелецот сака да си поставува цели и да ужива во предизвиците, но може да ја загуби вољата ако резултатите не се видливи многу брзо. Ретко нешто прават половично и ќе се стават на нова диета со одушевување и оптимизам, но воздржувањето може тешко да им падне, бидејќи се склони кон претерувања.
Совет: Павлаката, солта и шеќерот имаат поздрави замени.

ЈАРЕЦ: Не бара лесен успех

Постојаното напредување кон поставената цел најдобро функционира кај Јарците. Тие нема да бараат лесен успех преку ноќ. Колку е диетата потешка, толку позадоволни ќе бидат кога ќе ја остварат целта. Ним не им е тешко да ги издржат сите одрекувања, ако крајот е на повидок.
Совет: Калциумот е посебно важен за нив.

 

ВОДОЛИЈА: Мора да знае кога да престане
Водолиите ги привлекуваат необичните начини на исхрана, кои се иновативни и оригинални. Затоа за нив е идеално да одберат некој план на исхрана и да го спроведат. Ако им стане здодевно или загубат интерес, ќе се откажат од диетата без многу размислување, но ако ја прифатат како начин на живот, ќе се залепат за неа.

Совет: Алкохолот треба да го заменат со пиво од ѓумбир.

 

РИБИ: Тешко им е да издржат
Рибите сонуваат за совршенство, но не им е лесно да ја пронајдат вистинската диета, а уште потешко им е да издржат. Понекогаш им се чини невозможно да останат во границите на она што смеат да го јадат. Комбинацијата од диета со танцување, јога или медитација може да биде вистинското решение за овој проблем.
Совет: Треба да внесуваат доволна количина течности, бидејќи понекогаш јадат кога се всушност жедни.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина