Парењето на вагината во кинеската медицина се спроведува со цел да дојде до ширење на крвните садови, подобра циркулација, а со самото тоа и поголема циркулација во ткивото и опуштање на мускулите на дното на карлицата.

 

Што треба да се знае за парење на вагината?

 

Најдобро време за парење е по менструацијата. Мора да одбегнувате вагинално парење и ако се сомневате дека сте бремени.

Мора да се парите помеѓу 20 и 45 минути и притоа да внимавате изворот на пареа да не биде преблиску до вагината, за да не дојде до изгореници. Исто така, исклучително е важно да знаете доволно за растенијата на кои ќе се парите. Најдобар извор на растенија за генитално парење се рузмарин, лаванда, оригано, босилек, невен, роза и камилица.

 

Како да направите вода за парење?

 

Зовријте две-три литри вода и додадете во неа исушени растенија по избор. Ако користете свежи растенија, утростручете ја количината, бидејќи сушените растенија имаат поголема концентрација од свежите.

Растенијата треба да вријат со водата десет минути и потоа оставете ги да отстојат пет минути. Потоа ставете ги тие растенија во сад, опчекорете го и сместете се колку што можете поудобно. Околу половината заврзете крпа или ќебе и направете ,,шатор,,, така што пареата да не излегува од него.

Парете ја вагината од 20 до 30 минути. Сосема е нормално ако по парењето почувствувате грчеви или засилен исцедок, посебно ако тоа го правите првпатТоа е знак дека вагината се чисти.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина