Кои се придобивките од скокање на јаже?
Почнувајќи од земјата па нагоре,скокањето јаже е одлично за вашите “листови”,зглобовите на глуждовите,вашите колена,мускулите на колковите, ако навистина го совладате темпото и напредувате во правењето двојно повеќе.Темпото на вртење на јажето го даваат рамената, рацете и основите на добриот тренинг,а мускулите околу вашата половина исто така учествуваат во акцијата
Скокањето јаже е одлично за вашето срце и вашиот исчекор,не само за вашите мускули.тоа значи дека ќе го подобри вашиот кардиоваскуларен фитнес и вашето здравје секако.Скокањето полека за подолг период е аеробна активност,додека скокањето побрзо за пократок период е анаеробна активност слична на спринт.Токму скокањето на јаже е одличен начин да се подобрат бавните и стабилни вежби,туку и вашата способност да вежбате брзо и тешко.Не само вашето срце,исчекорот и мукулите ќе добијат корист од користењето на оваа вежба ,туку и вашиот мозок и нервниот систем ќе ги искористат поволностите.
Поради тоа што е релативно комплексна комбинација на заедничката работа на рацете и нозете,скокањето јаже ќе ја подобри вашата: координација,рамнотежа, агилност,вештина,брзина и координацијата на очите со рацете.
Не е ни чудо дека скокањето јаже е фаворизирана вежба од страна на боксерите и ММА борачите.
Конечно, скокањето на јаже е одличен режач на калории.Значи ако сте во потрага да ја изгубите или само да ја контролирате вашата тежина, со користење на соодветна брзина, може да ви помогне да добиете совршена фигура.Може да скокате на јаже речиси секаде, и ако купите квалитетно јаже ќе имате долготраен партнер,кој ќе ви помогне да останете во добра форма во годините кои доаѓаат.Запомнете,додека да научите правилно да скокате на јаже ќе ви треба време и трпение, но откако ќе научите нема да престанете.Забавувајте се!