Ако сте во потрага по ефикасен начин за подобрување на вашата целокупна физичка состојба и сакате релативно брзо да постигнете видливи резултати, дефинитивно треба да започнете да правите чучњеви. Тоа е една од вежбите кои треба да станат дел од вашиот програм на вежбање . Поприлично се сосема едноставни за изведување, не ви треба било каква опрема и можете да ги правите секаде.

Иако чучњевите се сметаат за вежба со која се зајакнуваат нозете и задникот, тие всушност активираат многу поголем број на мускулни групи, вклучувајќи ги и мускулите на трупот..

 

Ги зајакнуваат мускулите на целото тело

 

.

Чучњевите очигледно ги зајакнуваат мускулите на нозете. Сепак, кога се прават правилно, чучњевите се толку интензивни што можат да го стимулираат ослободувањето на тестостерон и хормонот за раст . Овие хормони се од суштинско значење за растот и развојот на мускулите и исто така ќе ви помогнат што побрзо да ја зголемувате мускулната маса на целото тело, а не само на нозете.

 

Чучњевите се функционална вежба

 

Функционални вежби се оние вежби кои ќе ви помогнат подобро да ги извршувате секојдневните активности. Чучњевите се една од најдобрите функционални вежби, бидејќи луѓето ги прават чучњевите отсекогаш, дури и кога живееле само од лов. Кога правите чучњеви, ја подобрувате мобилноста и рамнотежата. Сите тие предности се рефлектираат и во секојдневниот живот.

 

Го поттикнуваат согорувањето на мастите

 

Еден од најдобрите начини да го поттикнете согорувањето на мастите е да го зголемите процентот на мускулната маса. За секој половина килограм мускулна маса, вашето тело е во состојба на мирување и троши околу 50-70 калории дневно. Затоа, ако имате 5 килограми мускули повеќе, вашето тело ќе троши дури калории 500-700 повеќе во текот на денот, дури и додека мирувате.

 

cucnjevi_1

 

 

Ја подобруваат мобилноста и рамнотежата

 

Силните нозе се клучни за да се подготви телото за староста и да му се осигура мобилност. Чучњевите се одлични за зајакнување на нозете. Тие, исто така ги зајакнуваат и мускулите на стомакот и грбот. Ја подобруваат комуникацијата помеѓу мозокот и разните мускулни групи. На овој начин, се намалува ризикот од падови и настанување на фрактури на коските. Силните мускули ќе ви овозможат да имате поправилно држење и во секој момент без проблеми да ја одржувате рамнотежата на телото.

 

Активираат повеќе мускулни групи

 

Најдобри се оние вежби кои истовремено ги активираат мускулите на целото тело . Чучњевите се една од овие вежби. Тие ќе ги зајакнат вашите нозе, задникот, стомакот и грбот. Најдобро од сè, ќе ја зголемат вашата чувствителност на инсулин и на тој начин го намалуваат ризикот од дијабетес тип 2 . Исто така, ќе го забрзаат вашиот метаболизам и ќе го намалат ризикот од дебелина и кардиоваскуларни болести.

 

 

Како правилно да правите чучњеви?

 

Чучњевите многу долго ги биеше лош глас бидејќи наводно им штетеле на колената. Меѓутоа, истражувањата покажаа дека кога чучњевите ги правите правилно, тие дури и може да ја подобрат стабилноста на колената и да го зајакнат сврзното ткиво.

 

  • Загрејте се.
  • Застанете со нозете во линија со рамената.
  • Грбот држете го во неутрална позиција и колената задржите ги над стапалата.
  • Полека свиткајте ги колената, колковите и глуждовите, така што вашите нозе да бидат под прав агол.
  • Вратете се во почетната позиција.
  • Продолжете да правите чучњеви така што ќе вдишувате додека ги виткате колената и издишувајте додека се подигате.
Додадете ги чучњевите во програмата за вежбање

Вежбањето игра важна улога во превенцијата од разни болести, го зајакнуваат менталното , емоционалното и психичкото здравје. Вежбањето го продолжува животот и го намалува ризикот од појава на болести кои се водечка причина за смрт – рак, срцеви заболувања, срцев удар и мозочен удар.

Како и со сè друго во животот, и со вежбањето ќе сакате да развиете рутина. Треба подеднакво внимание да посветите на вежбите за сила и аеробните вежби.

За почетниците, експертите препорачуваат 2-3 серии чучњеви 2-3 пати неделно. По некое време , зголемете го бројот на серии и бројот на денови кога ќе ги изведувате овие вежби. Нема да згрешите доколку внимателно го слушате своето тело и му овозможите да ве води, бидејќи тоа е создадено за движење.

Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.