Каскадната диета е идеална за оние кои имаат умерен вишок на килограми, и тоа во оние случаи во кои телесната маса не се намалува или се намалува многу бавно. Одлична е за детоксикација, бидејќи го забрзува метаболизмот и го нормализира чистењето на дебелото црево и крвните садови. Дури и доколку не ве загрижува вишокот килограми, ќе ви годи да ја држите оваа диета еден ден, за да се исчистите.

Диетата е каскадна поради тоа што мора да се почитува следниов принцип: држењето на оваа диета повлекува по себе двојно подолга пауза. Тоа значи дека по тридневна диета, шест дена треба да се храните на вообичаен, здрав начин. Ако ја држите диетата шест дена, 12 дена треба да се храните нормално. Само оние со значително голем број вишок килограми можат да ја држат оваа диета девет дена, но таа никако не смее да трае подолго од 10 дена.

За каскадната диета е карактеристично внесувањето на разновидни интегрални намирници, посебно свежо овошје и зеленчук, но диетата е истовремено и многу рестриктивна. Поради тоа, на почеток на диетата може да се појави замор, како последица на промената на исхраната и редукцијата на животинските масти, шеќерот и кафето. По завршување на диетата, било да сте ја држеле три или шест денови, уште еден еден се јадат исклучиво намирници од растително потекло, а потоа полека се воведуваат јајца, млечни производи, риба и месо. Во оние денови кога се храните вообичаено, но и здраво, овошјето и зеленчукот може да се јадат во сиров облик или оброците можат да се подготвуваат со динстање, готвење на пареа, во малку вода или со печење во рерна, без масло. Заборавете на пржење, долго готвење, бел шеќер, готвење во голема количина вода, конзервирана храна, алкохолен оцет, адитиви, конзерванси и сол. Храната не смее да се подготвува во микробранова рерна, ниту во фритеза.

Ова е примерок од тридневно мени за оваа диета:

ПРВ ДЕН

7.30 часот 250 гр. сезонско овошје

11 часот По 2 суви смокви, сливи и кајсии, 2 рамни лажици пченични трици, 2 рамни лажици мелени сирови семки (лен, тиква, сусам), 1 рамна лажица овесни снегулки, лажичка ленено масло, пола лажичка какао, 10 бадеми

ПАУЗА 4 часа без храна и пијалоци

16 часот Салата од сиров сезонски зеленчук, зачинет со маслиново и ленено масло, јаболков оцет или сок од лимон. Во салатата може да се додаде природно сушен сиров зеленчук, мелен црвен пипер, кари, бибер и босилок, соино кисело млеко и јогурт

ПАУЗА 3 часа без храна и пијалоци

21 часот 250 гр. сезонско овошје

ВТОР ДЕН

7.30 часот 250 гр. сезонско овошје

11 часот Ужина како претходниот ден

ПАУЗА 4 часа без храна и пијалоци

16 часот Сезонска салата од сиров зеленчук со соино млеко или јогурт или растителен шејк. Или шејк од 300 мл. соино, оризово или друго растително млеко, 5 урми, по 2 суви смокви, сливи и кајсии, 2 лажички суво грозје и една помала банана

ПАУЗА 3 часа без храна и пијалоци

21 час Овошна салата и еден ред црна чоколада со 70% какао

ТРЕТ ДЕН

7.30 часот 250 гр. сезонско овошје

11 часот Растителен милкшејк (според рецептот од првиот ден) или сезонска салата од зелка, цвекло, морков со соино млеко или јогурт

ПАУЗА 4 часа без храна и пијалоци

16 часот Салата од сиров сезонски зеленчук, зачинет со маслиново и ленено масло, јаболков оцет или сок од лимон. Во салатата може да се додаде природно сушен зеленчук, мелен сладок црвен пипер, кари, бибер и босилок, соино кисело млеко или јогурт

До 22 час Овошна салата

За подобри резултати, секој ден треба да се започне со пиење чаша свеж овошен сок или млака лимонада. Во втората фаза треба да се пијат чаеви за прочистување на бубрезите, цревата и црниот дроб.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина