Кардио степот е вид аеробен тренинг каде со посебно одбрана музика се изведуваат чекори кои ритмично се претопуваат еден во друг, правејќи кореографска целина. Чекорите се изведуваат на степер, на којшто за време на тренингот постојано се качувате и слегувате, што овој вид аеробен тренинг го прави посебен од другите.

Музиката е многу важна за степот и се прават посебни миксови, со точно одредена битажа за да се постигне одреден број срцеви отчукувања, а со самото тоа да се согорат и одреден број калории. Од музиката зависи и дали кардио степот ќе биде кондициски или час за јакнење на мускулите. Динамичната музика дава енергија за вежбање, го подобрува расположението и помага и потешките вежби да се направат полесно.

Креативноста на тренерот во овој случај е од исклучително значење, од кои зависи и концепцијата на часот. Ниеден час не е ист, постои неограничен број на идеи и можности во креирањето на степ кореографијата и затоа кардио степот од самото свое настанување, па до денешен ден задржува голема популарност и буди огромен интерес.

 

Со степот не само што се стекнуваме со кондиција, го јакнеме телото, слебееме, се обликуваме, а спречуваме многу болки. За време на вежбањето целото тело е во движење, се вежбаат сите мускулни групи, но најизразени ефекти има на мускулите на задникот и нозете, а во помала мера и на мускулите на рацете и рамениот појас.

 

Живееме со забрзан начин на живот, полн со секојдневни стресови, повеќечасовно седење во затворени простории, со малку слободно време за дружење, па во денешно време и депресијата е честа појава во современото друштво. Докажано е дека со редовно вежбање, веќе по 4 недели се намалуваат симптомите на депресија и анкциозност.

 

На просечен, 50-минутен тренинг се согоруваат 250 – 400 калории, во зависност од нивоата на вежбање и телесната тежина, па загубата на килограмите е неминовна, а со тоа ќе го спречиме прекумерното дебелеење, уште една од опасните болести на современото општество.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина