Масажата не спаѓа во доменот на луксузот, туку е многу неопходна, бидејќи е еден од начините за елиминирање на последиците од стресниот начин на живот.
За ефикасноста на масажите знаеле уште старите цивилизации. Допирот со рацете, ставањето на дланките на професионалниот масер на одредени точки од телото и масирањето на мускулите го практикувале уште од пред пет илјади години.
Денес, во мода се оние со топла чоколада, мед, минерални маски и разни видови миризливи масла. Според типот можат да бидат целосни или парцијални. Се уште се популарни и шведските масажи, тајландските и хавајските. Погледнете ги следниве масажи и одберете ја најдобрата за вас.

1. Релакс масажата е најчесто применуваниот вид на масажа. Терапевтот, со помош на масло или лосион, ги масира површинските споеви на мускули со долги мазни и кружни движења. Овој вид на масажа е нежен и релаксирачка и им се советува на оние кој за првпат одат на масажа. Трае 1 час.

2. Спортската масажа е наменета за спортистите и оние кои се занимават активно со спорт, бидејќи основна функција не и опуштање, туку спречување на повреди и зголемување на спортските можности. Се користи комбинација од повеќе техники, а движењата се брзи и поинтензивни од оние кај релакс масажата. Најмногу се ориентирани на истегнување на мускулите, што ја зголемува нивната еластичност. Целосната масажа трае 1 час, а парцијалната 30 минути.

3. Шијацу масажата е јапонска масажа каде масерот притиска на акупунктурните точки и како таква делува пд нивото на кожата и мускулите, на внатрешните органи. Со притискање на секоја точка се подобрува протокот на енегија и телото се враќа во баланс. Со неа се стимулира протокот на животната енергија, односно на Чи, и со нејзиното зголемување се зголемува и можноста за самоизлекување. Шијацу делува поволно на стрес, мигрена, дебелина, болка во грбот, хроничен замор и многу други состојби. Се работи преку облека, на тврда подлога. Еден третман трае 45 минути.

4. Масажата со вулкански камења се прави така што топли камења се редат по телото за тоа да се опушти и релаксира. Терапевтот, исто така, може со топлите камења да ги масира напнатите мускули и лигаменти. Оваа масажа е одлична за детоксикација, против стрес и напнатост, ревматски проблеми, несоница, ПМС и др. Не им се препорачува на трудници, срцеви болни и оние со висок крвен притисок. Еден третман трае 90 минути.

5. Ароматерапијата е масажна техника во која се користат ароматични масла кои се одбираат според проблемот, односно според потребата која се третира со масажата. Тоа се обично опуштање и анти стрес, бидејќи овој вид масажа се препорачува во врска со стресот и емоционалните проблеми. Трае 1 час.

6. Антицелулитната масажа е еден од најефикасните начини за отстранување на целулитот. Со неа се подобрува циркулацијата, се исфрлаат токсините и се зајакнува ткивото. Масажата трае од 30 – 40 минути и се спроведува во серија од 10 третмани. Обично потребно е да се направат 3 серии. Ова е интензивна масажа и затоа е потребно првите масажи да бидат понежни, за клиентот да не добие модринки. Се користат гелови, масла и креми при изведување на овие масажи.

7. Ајурведа масажите се темелат на индиската медицина. Оваа масажа има мошне силно поволно дејство врз превенцијата при опаѓање на косата, несоница, мигрена, исправање на брчките, прочистување на кожата и на целиот организам. Се разликуваат масажи на главата и телото. Масажата на главата трае 10-15 минути, а на телото најдолго – 1 час и 30 минути.

8. Рефлекс масажата се врши на стапалата, така што се притискаат одредени точки на нив, со што се стимулира работата на одредени внатрешни органи. Многу е релаксирачка и делува поволно на стресот, нарушувања во варењето, хормонска рамнотежа, несоница, болки во грбот, ПМС и лоша циркулација. Трае од 30 до 50 минути.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина