Сувата кожа најчесто е сосема безопасна, и проблемот се решава лесно штом ќе се дисциплинирате доволно да не прескокнувате да нанесувате хидратантни креми за лице и млека за тело. Но, ако кожата останува сува и изиритирана, ако пецка и чеша без разлика на тоа што секоја вечер нанесувате креми и ако ниедна не ви помага, тогаш време е да посетите доктор. Ако чувствувате константна непријатност и вообичаената нега (креми, маски) не ви носи олеснување, кожата постојано вие груба и чувствителна, па дури е сува ..до пукање,, тогаш тоа може да биде симптом на некои сериозни состојби.

 

Еден ден во животот на вашата кожа

 

Дијабетес

 

“Не е невообичаено оваа болест да влијае и на кожата”, вели доктор Хелена Розенцвајг, дерматолог на УКЛА. “Кога нивото на шеќер во крвта е хронично високо, организмот побрзо ги губи течностите, а тоа за последица има, меѓу другото, и сува кожа. Дијабетесот влијае и на способноста за нормално потење. Ако се влоши состојбата, дехидрираната кожа станува склона кон пукање, а тие ситни ранички се подложни на бактерии.”

Сувата кожа сама по себе нема да укажува на дијабетес, но доколку е придружена со симшптоми како што се зголемена жед и зголемен нагон за мокрење, вртоглавица и замаглен вид, треба веднаш да се побара помош од доктор.

 

Забавено работење на штитната жлезда

 

Штитната (тироидната) жлезда лачи хормони кои влијаат на целото тело, па и на кожата. Ако работи како што треба, кожата е ,,среќна,,, но ако се забави нејзиното работење и нивото на хормони стане многу ниско (хипотироидизам), сите процеси во организмот почнуваат да се забавуваат. Ви студи дури и ако е надвор температурата пријатна, лесно се заморувате, заборавате работи, депресивни сте… Тоа се одразува и на кожата. Тироидните хормони имаат важна улога во замената на мрвите клетки на кожата со нови, млади клетки. Ако ги нема доволно овие хормони, кожата станува груба, сува и подложна на повреди. Дали тироидната жлезда работи како што треба се проверува со едноставна анализа на нивоата на тироидните хормони во крвта.

 

Штитна жлезда: Ова мора да се знае

 

Заболување на бубрезите

 

Заболувањето на бубрезите поекогаш не е лесно да се утврди, бидејќи симптомите кои вклучуваат вртоглавици, проблеми со концентрацијата и спиењето, зголемено мокрење и надуеност се значително неспецифични и може да укажуваат и на други состојби. Сувата кожа склона на иритации се јавува и како последица на состојби во кои бубрезите повеќе не го оддржуваат добриот баланс на минералите и нутритиентите во крвта, но често и оваа состојба се превидува како можен симптом за бубрежно заболување. Доколку вашиот доктор се посомнева на проблеми со бубрезите, ќе ви направи анализа на крвта и урината. Ризикот е поголем ако имате зголемен крвен притисок, дијабетес, ако во семејството постои историја на заболувања на бубрезите и ако имате повеќе од 60 години. Во тој случај, еднаш годишно треба да ја проверувате состојбата на бубрезите.

 

Рак на кожата

 

Ако забележите на кожата задебелување кое е грубо, многу суво, се црвенее, крвари ако малку го удрите или се изгребате, веднаш треба да појдете на дерматолог. Ракот на кожата не почнува секогаш од младежите, а еден од симптомите може да биде токму гореопишаната состојба на кожата.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина