Папокот може да биде вовлечен, многу или малку испапчен, а може да биде и во различни облици. Погледнете како изгледа вашиот, бидејќи различните облици можат да упатуваат на вашата општа состојба и на потенцијалните болести.

Издигнат папок во облик на копче

Ако имате ваков облик на папок, треба одвреме-навреме да го проверувате, односно да ја проверувате неговата големина. Ако ви се чини дека тој е поистурен и поголем од вообичаено, а неодамна сте кревале или носеле нешто тешко, тоа е првиот знак дека сте добиле брух.

Малку испапчен папок

Луѓето со овој облик на папок се повеќе склони кон грип и вирусни заболувања.

Вовлечен папок

Ако имате вовлечен папок, постои можност да имате чувствителен желудник и проблеми со варењетоЧесто луѓето со ваков облик на папок имаат проблем со прекумерна телесна тежина.

Папок во облик на бадем

Луѓето со ваков облик на папок често патат од мигрени и болки во мускулите и коските.

Истурен папок во облик на буквата У

Кај луѓето со овој облик на папок чести се проблемкте со болестите на кожата и бубрезите, а може да се поврзе со новороденчињата кои имаат разни деформитети.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина