Иако постојат разни креми и козметички третмани кои би можеле моментално да ве спасат од акните, тие најчесто се и многу скапи. Но, за среќа, постојат неколку лекови кои можат успешно да се изборат со акните и да го исчистат лицето. И, она што е добро е тоа што не се скапи, а сигурно ги имате во вашиот дом.

10. Краставица

Постои причина поради кои некои жени ставаат кругови краставица на очите за време на третман на лицето. Краставицата има антивоспалително дејство кое може да ја отстрани надуеноста под очите. Кај акните, пак, може да го отстрани црвенилото и да ја омекне кожата. Ако сакате да го зголемите нејзиното дејство, можете да направите паста од краставица, така што во изрендана краставица ќе додадете неколку капки лимонов сок.

9. Мед

Медот е природен антибиотик – неговите антибактериски дејства не дозволуваат да се расипе. Затоа некои луѓе го чуваат со години за лекување рани и други болести. Како да го употребите медот за лекување на акните? Направете маска за лице. Измешајте две или три лажици мед со лажичка цимет и нежно намачкајте го лицето. Оставете ја 15 минути за да се исуши, па измијте ја. Лицето веднаш ќе ви изгледа почисто, посвежо и помеко.

8.Мраз

Мразот не служи само за да ви го олади пијалокот, туку може да ви помогне и во борбата против акноте. Со коцка мраз истријте го местото каде има акни и ќе почувствувате разлика. Дамките ќе се намалат, како и воспалението, порите ќе се затворат, а кожата ќе ви омекне. Овој третман делува посебно кај акни кои се воспалени и црвени.

7. Пченкарен кроб

Ако сепак не го сакате мразот и сакате малку послаба опција, тогаш третманот со пченкарен скроб е вистинска работа за вас. Во разладена, претходно превриена вода, ставете пченкарен скроб по желба и мешајте додека не добиете густа смеса, а потоа нанесете ја на лицето или само на оние делови кои се зафатени со акни. Пченкарниот скроб ќе ги исуши акните, ќе го извлече вишокот маснотии од лицето и ќе го намали црвенилото. Овој третман е за оние кои имаат чувствителна кожа.

6. Аспирин

Лекот кој вглавно се користи за лекување настинка, може да биде корисен и за лекување на акни! Не морате ни да го пиете. Бидејќи аспиринот е аналгетик и антивоспалителен лек, може да влијае во лекувањето на воспалението на акните

5. Лук

Овој мал одличен зеленчук може буквално да направи се: има антигабично и антивирусно дејство, а може да ви даде и голема доза антиоксиданси. Користењето лук во борбата со акните е многу едноставно. Сомелете една главица лук и втријте ја оваа мешавина на проблематичните делови. Правете го ова минимум два пати неделно.

4. Масло од чајно дрво

Маслото од чајно дрво е уште една неверојатна состојка која треба да ја користите. Таа може да ви помогне во чистењето на затнатите пори, симнувањето на мртви клетки од кожата, намалување на црвенилото и бришење на дамките. Бидејќи маслото може да биде многу силно, никогаш немојте да го користите неразредено, посебно ако имате чувствителна кожа. За поефикасно решение: измешајте го со вода во сразмер 1:7 (или 1:10) во зависност од тоа колку ви е чувствителна кожата. Потопете еден туфер во оваа течност и нанесете ја со кружни движења на лицето. Оставете половина час да се исуши, па измијте се со вода. По третманот ставете хидратантна крема на лицето.

3. Јаболков оцет

Не само што е добар за косата, јаболковиот оцет чини чуда за акните. Како и маслото од чајно дрво, и јаболковиот оцет е силен, па пред употреба треба да го разредите со вода во сразмер 1:3 (или 1:4) и да ја користете оваа течност за чистење на лицето. Потоа ставете хидратантна крема.

2. Паста за заби

Ако навистина сакате да се ослободите за кратко време од акните, ставете паста за заби преку нив и оставете да се исуши. Пастите содржат силициум диоксид, кој е добар за сушење на акните за само неколку часа. Најдобро е да ја ставите пастата преку ноќ – црвенилото и големината на акните загарантирано ќе бидат помали.

1. Вода

Како што се вели обично: “подобро да се спречи, отколку да се лекува”. Методот, против појава на акни, број еден е да бидете сигурни да внесувате доволно количини вода во организмот, со цел да ги исфрлите сите нечистотии од телото. Со пиењето на минимум 8 – 10 чаши вода дневно ќе обезбедите поздрава, помека и почиста кожа.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина