Исхраната со ниско ниво на масти може да го зголеми ризикот од предвремена смрт, покажало едно истражување спроведено над 135.000 испитаници од 18 земји. Тие биле поделени во категории според тоа колку енергија добивале од кој вид на намирници (јагленохидрати, протеини или разни видови масти).

 

Резултатите, пак, од студијата извршена на канадскиот универзитет Мекмастер, спроведена помеѓу 2003 и 2013 година, покажале дека оние кои го намалиле консумирањето на мастите живееле пократко од оние кои консумирале путер, сирење и месо.

Истражувањето покажало дека кај оние испитаници со најмало консумирање на заситени масти ризикот од предвремена смрт е зголемена а 13% во однос на оние со поголемо консумирање на масти, се наведува во студијата објавена во научното списание Ланцет.

Научниците сметаат дека оние кои одбегнуваат да консумираат големи количини масти тоа го надоместуваат со консумирање јагленохидрати (леб, ориз, тестенини), изоставајќи притоа важни нутритиенти. Оние кои внесувале најголемо ниво јагленохидрати имале 28% поголем ризик од прерана смрт, што се поврзува со консумирањето рафинирани шеќери преку индустриски преработена храна, како што се сокови, конзервирана храна и полуготови оброци.

Кај оние, пак, кои консумирале секаков вид масти, спротивно од советите на докторите за нивно намалување, бидејќи високото ниво холестерол го зглемува ризикот од срцеви болести, се покажало дека ризикот од рана смртност изнсува 23%. поголемото консумирање на заситени масти научниците го поврзувале и со помалата веројатност за мозочен удар.

“Моменталниот фокус на исхраната со ниско ниво на маснотии го игнорира фактот дека повеќето луѓе од неразвиените и средно развиените земји многу повеќе внесуваат јагленохидрати, што е поврзано со уште полоши здравствени ризици, објаснува доктор Машид Деган, водач на истражувањето.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина