Мажите и жените со непријатност зборуваат за хемороидите, а се смета дека дури повеќе од 60% од луѓето имаат поголеми или помали проблеми со хемороидите. Ова се само неколку ефикасни совети кои можат да помогнат.

Хемороиди се болни проширени вени во долниот дел на анусот и ректумот. Најчеста причина за настанок на хемороиди е напрегнувањето при вршење нужда, констипацијата, бременоста, генетските фактори, стареењето, прекумерната тежина, кревање тешки предмети, долготрајна диета и долготрајно седење.

Симптомите можат да вклучуваат крварење при столицата, болно отекување и болка околу анусот. Целото подрачје е чувствително, болно и чеша.

За да си олесните на себе и да ја спречите појавата на хемороиди, пијте поголема количина вода, исхраната мора да биде богата со влакна, овошје и зеленчук, а варењето редовно. Ваквиот начин на исхрана доведува до помека столица, со што празнењето на цревата е олеснето, а и го намалува крвниот притисок, кој кога е зголемен го погодува настанувањето на хемороидите. Исто така, треба да се одбегнува кревање тешки предмети и долготрајно седење.

Ако често сте жртва на оваа непријатна и болна појава, во понува има повеќе видови противхемороидни креми или чепчиња кои можат да помогнат во намалување на отокот и болката. А, можете да се обидете со ароматерапија. Корисно е капење во топла када или примена на седечка бања неколку пати дневно со чиста, топла вода во која се препорачува да се додадат неколку капки масло од бергамот. Исто така, зголемете го консумирањето на биофлавоноиди така што ќе консумирате повеќе цитруси, грејфрут, бобинки и житарки од цело зрно.

Ако набрзина сакате да ги олесните болката и чешањето, добро ќе дојде мразот, но никогаш директно не го нанесувајте на болното место, туку замотајте го прво во чиста крпа.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина