Храната е тема за која често разговараме, бидејќи во неа уживаме. Во согласност со тоа, се повеќе не интересира и начинот на производство на храната која ја јадеме. Им даваме предност на намирниците од домашно потекло, но и покрај тоа не го купуваме секогаш она што е домашно. Честопати производителите истакнуваат дека нивниот производ е сосема безбеден и со оптимални нутритивни својства, иако тоа некогаш не е точно во целост. Понекогаш ги немаме сите информации за храната која ја купуваме, но за нас како консументи е важно оние клучните, најважните за нашето здравје, добро да ги разбереме.

 

Влијанието на антибиотиците врз квалитетот и безбедноста на месото

 

 

Податоците за употребата на антибиотиците во живинарството е добар показател за технологијата која се применува при одгледување на животните. Колку е полоша праксата на одгледување, толку е потрошувачката поголема. За жал, голем број земји особено многу ги користат антибиотиците.

 

На исхраната со месо кое содржи големи количини антибиотици со неодобрување гледаат во лекарските кругови. Поголем дел од таквото месо во исхраната на човекот доведува до ризик да станеме отпорни на антибиотиците.

 

 

Како да се заштитиме?

 

Најдобра заштита од штетните последици од антибиотиците и останатите лекови кои можат да се злоупотребуваат во одгледувањето е преку купување месо од контролирани и безбедни извори. Исклучително е важно потрошувачите да бидат информирани за сите релевантни технолошки постапки кои ги применуват одгледувачите на месо.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина