Компирчиња со месо! Хм, звучи совршено вкусно, но….Ако сакате да послушате совет на нутриционистите, компирчињата со месо може веднаш да ги заборавите, бидејќи станува збор за најнездравите комбинации на намирници.

Постојат јасни правила кои намирниците можат да се комбинираат. Доволно е само да се придржувате на планот за исхрана, кој е поддржан од нутриционистите. Едноставно е !

Што не треба да се консумира никогаш во заедничка комбинација?

Јагленхидрати и киселини

Намирниците богати со јагленхидрати и намирници кои содржат големи количини на киселини не треба да ги јадете во ист оброк. Избегнувајте во еден ист оброк да јадете компир, или леб во комбинација со домат, лимон или кисели краставички. Позадината на оваа препорака лежи во фактот дека ензимот птиалин, кој почнува јагленхидратите да ги разградува веќе во устата, ги убива дури и најмалите концентрации на киселини. Варењето е доста отежнато, а на вам може да ви биде мака. Доматот не би требало да го комбинирате со намирници богати со скроб бидејќи големата концентрација на киселина присутна во доматот, која дури и се зголемува со готвењето, го отежнува процесот на разградување на скробот. Идеална комбинација – домат со лиснат зеленчук или масна храна.

Протеини и јагленхидрати

Протеините и јагленхидратите не би требало да ги јадете заедно. Тоа значи јаткастите плодови, месото, јајцата, сирењето и другите намирници богати со протеини не би требало да ги јадете со белиот леб, житарките, слаткото овошје. Значи, компирите со месо и мусаката се многу лоши за вашето здравје. Јагленхидратите го кочат излачувањето на сокови неопходни за варењето. Намирниците предолго остануваат во организмот, предизвикуваат производство на токсини и гасови.

Протеини и кисело овошје

Месото, јајцата, млекото, сирењето не треба да го јадете во истиот оброк со портокалите,домати,лимонот и ананасот.Киселото овошје сериозно го нарушува варењето на протеините.

Овошје само на празен стомак

Нутриционистите препорачуваат овошјето да се јаде најмалку три часа после главниот оброк или половина час пред оброкот.

Пожелни комбинации

Месо

Црвеното и бело месо одлично оди во комбинација со зеленчук, било дали се работи за свеж зеленчук или пак станува збор за салата. Рибата се комбинира со зеленчук, ориз или компир.

Компир и тестенини

Компирот и тестенините можат да се јадат со разен зеленчук и разни видови печурки. Значи, на располагање ви стојат најразлични видови на паста.

Овошје

Секој ден треба да изедете барем еден вид овошје. Но, со овошјето не треба да се претерува. Порција од 300 грама овошје дневно е сосем доволно, бидејќи овошје во количина поголема од оваа предизвикува проблеми со варењето.