Знаеме дека кога сме болни, од топол чај или супа се чувствуваме многу подобро, но постојат одредени намирници кои не се сојузници во борбата против настинката, туку можат дополнително да ги зајакнат симптомите. Еве кои се тие.

 

 

Купечки овошни сокови

 

 

Исцедените овошни сокови се преполни со витамини и минерали, кои му се потребни и тоа како на болното тело, но тоа не важи и за купечките сокови. Овие напитоци во себе содржат големи количини шеќери, кои се врзуваат за крвните клетки и ги ,,крадат,, витамините од телото, па со самото тоа го наслабнуваат имунитетот.

 

 

Пржена храна

 

 

Пржената храна не е здрава ни кога сме здрави, а замислете само колку е таа штетна за телото ослабнато од вироза. Таа е преполна со заситени масни киселини, кои потешко се варат и кои значително можат да го нарушат системот за варење на организмот, кој за време на болеста и не работи со полна сила.

 

 

Кафе

 

 

Кога сме болни, треба да го зголемиме вносот на течности. Кафето, односно кофеинот како негова главна состојка делува како силен диуретик, што може да предизвика дехидрација на веќе ослабнатиот организам.

 

 

Кисели намирници

 

Киселите намирници можат да ја иритираат веќе оштетената слузница од болеста, што може дополнително да ги засили симптомите на болеста. Во оваа група спаѓаат закиселените заленчуци, цитрусите, посебно портокалите, и доматите во сите облици. Цитрусите најдобро е да ги исцедите и да ги измешате со топол напиток и мед.

 

 

Алкохол

 

 

Како и кафето, така и алкохолот ,,ја брка,, течноста од организмот, па со самото може да доведе до дехидратација, додека мешањето алкохол со некои лекови може да го намали нивното делување. Иако истражувањата потврдуваат дека една чаша вино со оброкот го јакне имунитетот кога сте болни, исфрлете ја таа навика и земенете ја со чаша природен сок или чај.

 

Млечни производи

 

 

Иако млечните производи содржат протеини и витамин Д, кој помага за јакнење на организмот, тие исто така го засилуваат лачењето на природната слуз во организмот, што може дополнително да ја засили кашлицата.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина