Како на природен начин да ја излекувате главоболката?
Веројатно не постои човек кој нема почуствувано главоболка. Всушност, секој ден среќавате барем по еден што се жали дека го боли главата. И тоа воопшто не е чудно ако се земе предвид дека се помале бројот на луѓе кои спијат осум часа дневно, кои се хранат редовно и кои успеваат да го редуцираат стресот на минимум.
Постојат стотици различни причини кои можат да предизвикаат главоболка, Ако не сакате при секоја појава на болка во главата да пиете апче, можете да се обидете главоболката да ја излекувате по природен пат. Еден од најпопуларните природни лекови е ладната облога, која влијае како локален анестетик. Не мора да имате мраз, едноставно, земете замрзнат зеленчук и завиткајте го во крпче. Таквата ладна облога ставете ја на челото или на слепоочниците. Можете да користите и обична крпа навлажнета со студена вода. Главоболката поминува и ако ги потопите нозете во топла вода со неколку капки масло од лаванда. Топлата вода ќе предизвика во нозете да надојде повеќе крв и со тоа ќе го намали притисокот во крвните садови насекаде низ телото, па и во главата. Маслото од лаванда со својата арома помага за релаксација и олеснување на болката.
Хоку – точка
Искористе ја моќта на хоку-точката. Употребете ги врвовите на палецот и показалецот од едната рака за да го притискате месото помеѓу палецот и показалецот на другата рака. Притискајте нежно и масирајте ја таа точка со кружни движења една до две минути, а потоа повторете го истото и на другата рака. Бремените жени не треба да го применуваат овој метод. Помага и ако врзете марама на челото. Земете шалче или марамче и врзете ја стегнато на челото. Веднаш ќе предизвикате намалување на главоболката. Некои луѓе препорачуваат марамата да биде натопена со вински оцет.
Масажа со етерично масло
Масирајте се со етерично масло од нане на слепоочниците бидејќи тоа ја намалува главоболката. Но, освен на слепоочниците со масирање нанесете го и на вратот и на рамениците за да ја намалите напнатоста. Исто така, можете да си ставите кесички чај од нане на затворени очи. Земете две кесички чај од нане и потопете ги во топла вода. Потоа легнете, затворете ги очите, ставете ги кесичките врз очните капаци и лежете десетина минути. Кога сме кај чаевите, против главоболка можете да се напиете чај од камилица, рузмарин или ѓумбир.Чајот од камилица содржи супстанци кои ќе ви ја намалат болката и ќе ви помогнат да се опуштите. Се верува дека чајот од рузмарин го спречува зголемувањето на болката. Ѓумбирот, пак, се користи за лекување на главоболка и вртоглавица, а особено помага при појавата на мигрена. Ставете две парчиња ѓумбир во половина литар жешка вода, покријте го садот и оставете го да врие многу тивко половина час.
Кафе со лимон и обична вода
Напијте се кафе (или кафе со лимон). Повеќето луѓе уште при првиот знак на главоболка се фаќаат за шолја кафе. Кафето помага против главоболка, но не треба да претерувате. Една до две шолји кафе можат да ви помогнат, но се што е повеќе од тоа може да има негативен ефект. Многумина тврдат дека кафето со лимон помага уште повеќе. Па, не е лошо да пробате и да се напиете силно турско кафе со малку лимон. Верувале или не, и обичната вода може да помогне и да ја отстрани главоболката. Една од најчестите причини за појава на главоболка е дехидратацијата. Затоа, консумирањето вода е еден од наједноставните начини за лекување на главоболката. За да го спречите појавувањето на главоболка поради дехидрација, пијте редовно вода во текот на целиот ден, а особено ако вежбате или кога времето е жешко.