5 феноменални причини зошто треба да се пие зелен чај за појадок
Вкусен е, поздрав од кафето, а неколку научни тврдења покажуваат зошто еден филџан од овој чај треба да ни стане дневна навика.
1. Поздраво срце
Зелениот чај е богат со моќни антиоксиданси, кои го намалуваат крвниот притисок, што делува позитивно и на здравјето на срцето. За дополнително снабдување со витамин Ц, може да се додаде еден лимон во чајот, со што ќе се подобри и апсорпцијата на антиоксидансите.
2. Повеќе сила
Истражувањата вршени на глувци покажуваат дека единките кои консумирале екстракт од зелен чај ја зголемиле својата отпорност за дури 24%.
3.Послабо тело
Природниот антиоксиданс катехин од зелениот чај помага да се отстрани салото од стомакот, а содржи и кофеин, кој ги ослободува мастите заробени во поткожното ткиво и овозможува нивно побрзо согорување. Се покажало дека, доколку се пијат по три филџани чај на ден се согоруваат дополнителни 80 калории во следните 24 часа.
4. Ослободува од алергии
Јапонските истражувања покажуваат дека антиоксидансите во зелениот чај помагаат за јакнење на имунитетот и не штедат од борбата со многу алергии, како што се алергиите на полен и прашина.
5. Подобро помнење
Канадските истражувања спроведени над полжави потопени во вода која го содржела антиоксидантот катехин, состојката на зелениот чај, покажала дека значително им се подобрила меморијата. Научниците сметаат дека тие достигнувања се применливи и врз луѓето.