Од 5%-10% од дијабетичарите го имаат овој тип на болест и погрешно се лекуваат. Се до неодамна, дијабетесот се јавуваше во два познати и меѓусебно различни облици – добиен и наследен. Но, не така одамна беше откриено дека постои и трет тип на дијабетес, кој е значително почест отколку што мислат луѓето.

 

Најновите истражувања покажуваат дека голем број луѓе со овој нов тип на дијабетес тип 3ц добиваат погрешна дијагноза за дијабетес тип 2, поради што имаат и несоодветно лекување. Според студијата објавена во списанието Journal Diabetes Care, само 3% од луѓето дијабетес тип 3ц имаат исправна дијагноза.

 

 

Едно друго истражување, пак, заклучило дека 5%-105 од сите дијабетичари во светот всушност имаат тип 3ц дијабетес, а не го знаат тоа. Со оглед на тоа што во светот службено од дијабетес боледуваат околу 420 милиони луѓе, бројката на луѓето кои немаат вистинска дијагноза е застрашувачка.

 

 

Еден од научниците кој е заслужен за ова откритие, Ендрју Мек Гавен, од Универзитетот Суреј, објаснува дека дијабетесот тип 3ц тешко се лекува, бидејќи не само што ја отежнува способноста на панкрасот да лачи инсулин, туку исто така го спречува и создавањето на клучните ензими кои се потребни за варење на храната, заедно со другите важни хормони, пишува IFL Science. 

 

 

Причини и симптоми

 

Научниците утврдиле дека дијабетесот тип 3ц се јавува како последица од оштетување на панкреасот. Причини се најчесто карцином на панкреасот, цистична фиброза, воспаленија, вируси, генетски болести, хормонален дисбаланс или пак како последица од земање на некои лекови.

 

 

Симптомите на овој тип на болест се слабост и недостиг на енергија, постојан замор и жед, честа потреба за мокрење, отежнато зрастување на рани, слабеење и други, кои се карактеристични за сите типови дијабетес, но секако е потребно да се направат сите медицински тестирања, кои ќе утврдат за каков тип точно се работи.

 

 

– Треба итно да се реагира за да можеме да управуваме со таа болест – рекол авторот на студијата, професор Симон де Лусињан, кој апелира до докторите да се информираат и едуцираат.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина