Порано сите ви завидувале на цврстиот задник, а сега ви се чини опуштен и дека го променил обликот. Причина за тоа не мора да бидат само лошата исхрана или недостигот на физички активности, туку и целодневното седење на стол. Кога седиме по цел ден, глутеусите не работат, а тоа не е лошо само за задникот, туку и за целото тело.

Мускулите кои не се активни стануваат се послаби и послаби и, освен што лошо изгледаат, можат да предизвикаат болка во долниот дел на грбот, па дури и во колената и зглобовите. Тоа често се случува кај оние кои се во средните дваесетти години. Почнуваат да се фокусираат на кариерата и забораваат на телото. Повторно се придвижуваат дури кога ќе видат во огледало дека задникот им е спуштен и омлитавен. Тука може да страда и квалитетот на кожата и поради таквиот начин на живот на задникот и на бутовите се појавува целулит, бидејќи седењето влијае на крвотокот.

Подесете ја висината на столот

Столот треба да биде наместен така што колковите да бидат малку над колковите, а стапалата рамни поставени на подот. Екранот на компјутерот треба да биде во висина на очите, или малку под нивото на очите, но не прениско за да се ,,грбавиме,, Лактите треба да биде во висина на столот или малку назад, но никако под висина на столот.

Редовно движете се

Повеќе пати на ден станете и прошетајте се, а во теретана или дома посветите посебно внимание на задникот и долниот дел на грбот. Додека седите на столот на работа, секојдневно стискајте ги и опуштувајте ги мускулите на задникот. Потоа движете се уште повеќе и лифтот заменете го со искачување по скалила секојпат кога можете.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина