Многу често, реклама или привлечно пакување се оние фактори според кои ги бираме новите средства за својата нега. Сакаме да и поверуваме на примамливата реклама и да ја купиме токмунтаа крема која ќе не разубави, подмлади и ќе ги избрише брчките и некоја година од лицето, која ќе ни ги реши сите проблеми и ќе измамува погледи… Гледајќи ги овие реклами, веднаш тргнуваме да ги купиме овие производи, па купуваме еден, друг, трет, а ефектот ни одблиску не е како кај таа убава девојка од рекламата…

Козметичкиот стручњак и автор на книги, Пола Бегун, смета дека не треба да им се верува на производителите, кои со своите трикови ги мамат купувачите.

Еве кои се најраспространетите маркетиншки трикови:

 

МИТ 1. Колку е попознат брендот, толку е подобар ефектот.

Ефикасноста на еден козметички производ е условена исклучиво од неговиот хемискисостав. Според тоа, ниту брендот, ниту компанијата која го произведува, ниту цената на препаратот, не го прават автоматски ефикасен.

 

МИТ 2. Anti-age козметика.

За жал, не постојат креми против стареење. Зборувајќи за козметиката според возраста, маркетиншките стручњаци ја имаат во предвид примената на средства кои помагаат во спасување од пигменатцијата, ја подобруваат еластичноста на кожата и прават брчките да бидат помалку видливи.

 

МИТ 3. За нега на областа околу очите потребна е посебна крема.

 

mitovi21

 

Кремата за нега околу очите не се разликува од кремата за лице. Тоа е истата крема, само што е ставена во помало пакување и е поскапа. Познатиот натпис на амбалажата „да се одбегнува областа околу очитетреба да се сфати буквално: кремата не смее да дојде до очите. Се е едноставно.

 

МИТ 4. Целулитот може да се отстрани со помош на креми.

 

mitovi11

 

Ако беше ова вистина, фотомоделите немаа да користат повеќе фотошоп. Во овој момент не постојат никакви научни резултати за било какви козметички компоненти кои можат да помогнат во отстранувањето на целулитот.

Кај целулитот ефикасни се диетите, фитнесот и третманите кои делуваат на поткожното сало, додека кремите со истата таа намена не се ефикасни.

МИТ 5. Органската козметика е подобра од обичната.

 

mitovi3

 

 

Всушност, сета органска козметика е обичен ПР (пи-ар) трик. Присуството на органска содржина во составот на еден препарат не ја потврдува неговата ефикасност. т.н. ,,органска козметика,, секако може да биде по безбедна, бидејќи не содржи список на ,,страшни,, супстанции, но тоа не ја прави веднаш ефикасна.

Покрај тоа, производителите не зборуваат за хемискиот состав кој помага да се зачуваат лековитите својства на органската козметика.

 

Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.