mozok_naslovna

1) Често се фокусираме на негативни работи

Нашиот мозок е така поставен што секогаш трага само за негативните работи, а кога ќе ги пронајде, ги издвојува и се фокусира само на нив, неретко губејќи ја од вид целокупната слика. Причина за тоа е што нашиот мозок ваквите работи ги регистрира како закани, дури и ако е во прашање само еден лут или непријатен мејл добиен од шефот.

Исто така, нашиот мозок многу поинтензивно реагира на лошите весто отколку на добрите, бидејќи тие многу посилно не погодуваат. Заради негативните мисли, пропуштаме да научиме нешто од позитивните искуства, а тоа е примарно кога е во прашање нашата психа.

2) Гледаме шаблони таму каде што ги нема

Една од најчестите грешки е т.н. „Тип 1ˮ каде се подразбира дека лажните хипотези се точни и така често ја мешаме случајноста и поврзаноста. Ова може да објасни зошто толку ги сакаме случајностите и таквиот начин на размислување обично се поврзува со суеверието.

Оваа тенденција на нашиот мозок постојано да бара некоја поврзаност и шаблон во потполно случајните информации се нарекува апофенија. Склоноста кон ова може да се искаже на различни начини, од забележување на „случајноститеˮ до „теорија на завераˮ, па и пронаоѓање на скриени шифри или значење во броевите или текстовите.

3) Често не го гледаме она што ни е пред очи

Во едно истражување во кое учествувале случајните поминувачи на улица се испитувало на кој начин луѓето го забележуваат своето окружување. Во еден експеримент, актер им приоѓал на поминувачите и ги прашувал за одредени насоки на движење, а двајца момце во тој момент ќе поминеле помеѓу глумецот и соговорникот носејќи дрвена врата, потполно блокирајќи им го погледот на едниот со другиот. Додека тоа се случувало, актерот ќе се заменел со друг актерсо различна висина и тежина, различна фризура и глас. Дури половина од луѓето не ни забележале дека глумецот се променил.

Овој експеримент го објаснува феноменот „слепило на промената”, кој покажува колку сме селективни кога е во прашање визуелното забележување на работите. И овде изгледа како повеќе да се потпираме на меморијата и препознавање на шаблони (како во тип 1) многу повеќе отколку што мислиме и дека нашата визуелна перцепција и не е толку доверлива.

4) Премногу се потпираме на работите за кои мислиме дека сме во право

Нашиот мозок поприлично не е наклонет кон конфликт и несогласување и затоа мсксимално ќе се потруди да ги избегне. Затоа природно се насочуваме кон работите со кои се согласуваме или кои ги поддржуваат нашите постоечки уверувања.

Когнитивната дистанца е психолошки термин кој ја подразбира тенденцијата на мозокот да ги бара само оние информации кои се согласуваат со нашето мислење, а потполно ги игнорира оние кои го оспоруваат. Заради ова, често имаме проблем да го промениме мислењето за нешто, бидејќи е ментално исцрпувачки и збунувачки да почнеме да собираме докази за нова хипотеза и да ги пуштиме оние работи за кои мислиме дека сме во право.

Но, предрасудите можат да не наведат да погрешиме, било на работа, општо во животот или во односите со луѓето. Парадоксално, интернетот уште повеќе ја влоши ситуацијата. Какви и да се вашите политички или религиозни уверувања, многу лесно е да пронајдете информација која потврдува дка сте во право и со тоа автоматски исклучувате се преостанато.

5) Премногу сме фокусирани на себеси

Дали некогаш ви се случило нешто страшно во училиште, па потоа сте паничеле дома мислејќи дека сите тоа го забележале. Ние имаме обичај да ги преувеличуваме нашите грешки и мани, мислејќи дека луѓето тоа константно го забележуваат. Ова во психологијата се нарекува ефект на рефлектор и ја претставува нашата тенденција да мислиме дека другите луѓе забележуваат некои работи кај нас како многу полоши одошто навистина се. Овој ефект е резултат на нашата природна егоцентрична перцепија на светот.

Ние сите сме центар на нашиот сопствен свет и тоа не значи дека сме арогантни или пак се преценуваме, туку значи дека нашето постоење е врзано за нашето лично искуство и перспектива. Затоа другите луѓе, не само што не ја забележуваат флеката на вашата маичка, туку и се потполно фокусирани на други работи кои се однесуваат на нив самите.

6) Нашиот избор е изложен на бројни предрасуди

Во денешната потрошувачка култура се соочуваме со бројни избори за најбаналните работи. Во продавница, можеме да избираме помеѓу 35 различни видови на пасти за заби, мораме да избереме што ќе облечеме од различните 20 маички кои ни стојат во ормарот, а опциите за тоа што ќе споделиме преку Фејсбук или Твитер со другите се практично бесконечни. И, иако имаме илузија на слобода, сите овие избори можат да го наведат нашиот ум да погреши.

Кога имате преголем избор, тоа создава своевидна парализа. Понекогаш, премногу избор може да не спречи за тоа воопшто да донесеме некаква одлука. А неретко кога ќе ја донесеме, почнуваме да се каеме и се разочаруваме.

Исто така, кога ги проценуваме работите, обично ги споредуваме со другите, А кога имаме премногу работи да си споредиме, обично ги замислуваме сите атрактивни карактеристики на овие работи, а ја намалуваме вредноста на оние кои веќе ги имаме. Тоа е на бекој начин прочуениот синдром „тревата е секогаш позелена кај другите”, синдром кој не спречува пообјективно да ги видиме работите.

7)Не можете да му верувате на своето паметење

Многу од нас веруваат дека можат потполно детално да се сетат на некој настан од минатотот, но во реалноста, нашето паметење е многу погрешно и полно со предрасуди. Визуелните докази се многу недоверливи, бидејќи луѓето тврдат дека се сеќаваат на настани кои никогаш и не им се случиле.

Главна грешка која ја правиме е тоа што дозволуваме на нашата перцепција од минатото да биде обоена со емоциите од сегашноста. Доколку сега сте раскинале со дечкото, сеќавањето на вашето заедничко минато може да ви изгледа потполно сиво. Само што добивте унапредување? Тогаш онаа ваша прва, досадна работа ќе ви изгледа како вреден чекор кон поголеми и поубави работи. Не гледајте на минатотот додека сте бесни, бидејќи бесот или било која друга емоција потполно ќе го променат начинот на кој размислувате за минатотото.

8) Премногу сме им наклонети на сличните на нас

Бројните историски збиднувања и секојдневното искуство покажуваат дека повторно и повторно ги фаворизираме членовите на нашата социјална група. Луѓето имаат многу голема склоност да бидат наклонети кон членовите на својот т.н. клан (реален или измислен). Фаворизирањето на сличните на нас понекогаш може да доведе до осудувања, создавање на стереотипи и непријателско однесување кон поинаквите од нас.

Тагови: мозокразно
Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.