Дали е се во ред со хормоните во вашето тело?
Во текот на животот поминуваме низ многу хормонални промени, а тие влијаат врз речиси сите органи и функции во телото : од промени во расположението до сексуалните и менталните функции. За среќа, кога ќе дојде до промени, се јавуваат одредени симптоми кои можат да се прпознаат, бидејќи со правилна исхрана и подобри навики повторно може да се воспостави хормонална рамнотежа.
Постојано качување на килограмите – Ако константно качувате килограми и покрај тоа што внимавате што јадете и редовно вежбате и пешачите, можеби дошло до некое пореметување во работата на хормоните. Ситуацијата можете да ја поправите така што ќе смените одредени навики во исхраната -елиминирајте го шеќерот и производите од пченично брашно.
Несоница – Ако постојано страдате од несоница и имате проблем со заспивањето, многу често хормоните се виновник за таквата состојба. Пробајте секоја вечер да си легнувате во исто време и да внесувате помалку масна храна пред спиење. Вежбајте јога.
Хроничен стрес- Константниот стрес ја троши надбубрежната жлезда, а последица на тоа е намалено ниво на прогестерон и други важни хормони. Ако веќе не можете да се ослободите од стресот, пробајте да го редуцирате со правилна и редовна исхрана и вежбање.
Потење – Ако чаршавите, а посебно и перниците ви се влажни кога наутро ќе се разбудите, тоа е многу вероојатно последица од неизбалансирани хормони. И изненадувачките бранови на топлина и потење во текот на работниот ден се сигнал за хормонален дисбаланс. Секојдневно запишувајте што јадете и пиете, како се чувствувате, кои ситуации ве возбудуваат и ја подигнуваат телесната температура. Кога ќе утврдите што е она што причинува прекумерно да се потите, пробајте да ги поправите или избегнете таквите ситуации.
Желба за храна – Прејадувањето и постојаната желба за храна, дури и после оброк, се индикатор за недостаток на некој хормон. Излезот е повторно во исхраната, но во променета исхрана- елиминирајте ги шеќерите, млечните производи и производите од житарки, алкохолот и кофеинските пијалоци.
Депресија – Нерасположението без причина или чувството на одбиеност се многу чести појави кај хормоналната нерамнотежа. Ако не постојат клинички причини за депресија, тоа значи дека не го храните вашето тело со добри намирници.
Умор – се уморивте уште на почетокот од работниот ден или се чувствувате како да сте забавени на работа? Причина се повторно, хормоните. Решението – елиминирајте ги пченичните производи, а побарајте совет од нутриционист за да можете да внесете доволно хранливи материи во организмот.
Ниско либидо– Ова е еден од најочигледните знаци дека нешто не е во ред со хормоните. Смалената желба за секс оди рака под рака со несоницата и недостатокот на сон. Затоа, поправете ги навиките во спиењето и дополнете ги со здрави навики во исхраната.
Проблеми со варењето – Забавен метаболизам и празнење на цревата, честите опстипации исто така, можат да укажат на намалено ниво на хормони. Спасот повторно се наоѓа во промени кај исхраната, редовни оброци и одбирање такви намирници кои истовремено го хранат мозокот и телото.


