Еве како би требале да се храните во склад со возраста и како на тој начин полесно да ја одржувате линијата.

20 години

Кога имате 20 години, не ви се потребни никакви диети. Оние кои сепак сметаат дека им се потребни, се носат со нив лесно и едноставно и имаат добри резултати од нив. Сепак, во овие години е потребно да се води сметка за здравата исхрана, односно за правилата за одржување адекватна здравствена состојба на организмот:

1. Бирајте алкохолни пијалоци кои содржат помалку калории

Постојат разни видови алкохолни пијалоци, а вие одлучете се за оние со најмалку калории. Исто така, настојувајте да ги пиете со обична или газирана вода, односно одбегнувајте да внесувате дополнителни калории кои се содржат во засладените сокови.

2. Подготвувајте ја храната дома

Пред да појдете на некоја забава, подгответе си здрав оброк, кој ќе го изедете откако вашиот организам по апсорпцијата на алкохол ќе има потреба за здрави намирници. Консумирањето брза храна, посебно во раните утрински часови, дополнително ќе му наштети на вашиот организам.

30 години

Во овие години неретко го слуша гласот на својот организам кој ,,моли за помош,, и кој ,,вели,, дека не може да се носи повеќе со дотогашниот начин на живот. Како последица на бременост или, на пример, стрес поради деловните активности, метаболизмот може значително многу да забави во овие години од животот, па како последица на тоа доаѓа до трупање на прекумерни килограми. Покрај тоа, на оваа возраст луѓето губат помеѓу 3% до 5% од нивната мускулна маса. Сето тоа може да се одбегне со овие едноставни трикови:

1. За време на бременоста немојте да јадете ,,за двајца,,

Непотребното трупање на непотребни килограми за време на бременоста создава проблеми при губењето на истите по породувањето, а до кои воопшто не требало ни да дојде. Бременоста нека не ви биде изговор за прејадување.

2. Подготвувајте ја храната дома

Сте дошле до период во животот во кој би требале да чувствувате помала потреба за ноќни забави или целодневни отсуства од дома. Искористете го времето кое го минувате во домот за подготовка на здрави оброци и настојувајте да имате урамнотежени прехранбени навики.

 

40 години

Ова е животно доба во кое се појавуваат промени на одредени хормони посебно во женското тело. За тие да не влијаат негативно врз здравјето на вашиот организам, настојувајте редовно да тренирате и да бидете физички активни, и посветете се на подготовка на здрави оброци. Обратете внимание на следниве нешта:

1. Внесување на сите потребни нутритиенти за функционирање на вашиот организам

Настојувајте да консумирате намирницни богати со протеини. Исто така, јадете големи количини зеленчук, кој помага во неутрализацијата на метаболичките процеси кои предизвикуваат дебелеење. И, најважно од се – одбегнувајте нездрави грицки и слатки.

2. Редовна физичка активност

Редовно настојувајте да имате некаква физичка активност, со чија помош ќе го забрзате вашиот метаболизам и полесно ќе ги држите килограмите под контрола.

50 години

Ниското ниво на естроген и намаленото производство на прогестерон се последица од менопаузата, кои можат да предизвикаат наталожување на масни наслаги. Еве што треба да направите за да спречите да натрупате вишок килограми:

1. Намалете го внесувањето на калории, а не количината на храна

За да го одбегнете чувството дека сте ,,казнети,, што имате педесет години, внимавајте на калориската вредност на одредени намирници, со цел да бидете во можност да јадете иста количина храна како и пред влегувањето во ова животно доба.

2. Внимавајте на калориите во вечерните часови

Внимавајте пред легнување навечер да внесувате само намирници кои имаат навистина ниски калориски вредности. Внесувањето на калории во вечерните часови треба да биде и до 50% помало во однос на внесените калории во текот на денот.

3. Внимавајте на внесувањето на витамин Д

Витаминот Д може да ја зголеми силата на вашите мускули, а тоа доведува до поголема енергетска потрошувачка на вашиот организам. Затоа потрудете се да му пружите на организмот доволна количина од овој витамин.

 

Тагови: Исхрана
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина