Чајот од семе од магдонос ги опушта мускулите во целото тело и олеснува проблеми со главоболки, астма, грчеви во стомакот и иритација на мочниот меур. Тој ја поттикнува работата на крвотокот и делува добро врз нервниот систем, смирувајќи ја нервозата.

 

Во коренот од магдоносот има за четири пати повеќе Ц витамин одошто во лимонот. Богат е со две посебни групи на состојки кои делуваат како антиоксиданси, а кои го штитат телото од влијанието на слободните радикали. Магдоност е растение кое помага да се намалат настинките, грипот и болките од артритисот, па затоа се користи при заболување од реума, гихт и во исхраната на дијабетичарите. Во себе содржи миристицин и апиол. Благодарение на нив, магдоносот го зголемува протокот на урината и со тоа помага да се остранат инфекциите на уринарниот тракт. Посебно е одличен при присуство на Ешерихија коли.

 

При готвење, магдоност не ја губи својата нутритивна вредност. Потребно е:

 

  • Вода
  • Мал сад
  • Свеж магдонос
  • Филџанче
  • Цедилка

 

Подготовка:

 

Наполнете го малиот сад со вода, ставете го на оган и оставете водата да зоврие. Измерете една четвртина свеж магдонос и ставете го во филџанот. Прелијте го со врелата вода и оставете го да отстои пет минути. Потоа процедете. За посилен чај, оставете го магдоносот да отстои во водата десет минути. Овој чај можеби ќе горчи, па засладете го со мед. Додадете и неколку капки лимонов сок. Пијте го топол.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина