Како да ослабнете со помош на тиквички?
Тиквичките се исклучително корисни за многу болести – на гастроинтестиналниот тракт (вклучувајќи ја и жолчката), анемија, кардиоваскуларни боелсти, хипертензија и дебелина. Поради високата содржина на влакна се намалува апсорбирањето на мастите, па погодни се за диети кај повишен холестерол и триглицериди, додека калиумот и магнезиумот во нив делуваат на намалувањето на крвниот притисок.
Обожувачи на диетите со тиквички се Катрин Денев, Софија Лорен, ален Делон и многу други познати личности. Ако издржите еден месец на диета со тиквички, без проблем ќе се ослободите од 4-6 килограми од телесната тежина. А, една недеа на оваа диета гарантира губење на 2-3 килограми. Покрај губењето на вишок килограми, исто така ќе го ослободите организмот од штетните материи и ќе го освежите телото.
Покрај тиквички, во исхраната можете да вклулите и сирови моркови и зелка. Во попладневните часови можете да си дозволите да изедете неколку краставици, а за подобрување на вкусот на зеленчукот во салатата можете да додадете лажичка растително масло и неколку капки лимонов сок.
- Менито за исхрана со тиквички вклучува и присуство на овошје. За време на ручекот, вечерата или ужината дополнете го својот оброк со јаболко,киви, мандарина, портокал или сливи.
- За исхраната да биде уште поизбалансирана, таа мора да содржи протеини, а тоа подразбира присуство на телешко, немасно говедско, мисиркино, пилешко и зајачко месо.
- Месото можете да го замените со риба, но во овој случај предност и се дава на речната риба, бидејќи морската не е погодна за оваа диета.
- За пиење се користи обична вода (колку повеќе, толку подобро), зелен чај без шеќер и природни сокови (јаболко, портокал).
- За време на диетата со тиквички од исхраната треба да се исклучат во целост: пекарските производи, лебот, слатките, кафето и алкохолот.
- Предност имаат тиквичките со темнозелена кора, која не треба да се лупи, бидејќи така се губат 80% од нејзините хранливи материи.
Пример на мени за диетата со тиквички за еден ден
Првиот појадок:
- динстани тиквички (250 гр.) со зеленчук (150 гр.), шолја зелен чај.
Ужина:
- 1 јаболко, чаша сок од портокал или вода.
Ручек:
- запечени тиквички (300 гр.), парче варено месо (200 гр.), 1 киви или неколку сливи и шолја зелен чај.
Ужина:
- запечени тиквички (250 гр.), салата со зелка и моркови (250 гр.), чаша сок од јаболки.
Вечера:
- 100 гр. суви сливи или 2-3 свежи сливи, чаша сок од јаболко или зелен чај.


