10 причини зошто не треба да се фрла кората од лимон
Најчесто ја фрламе кората од лимон, но стручњаците тврдат дека посотјат барем десет причини поради кои таа би требала да биде застапена во исхраната. Имено, витамините А и Ц, калциумот, калиумот и влакната во кората од лимонот ја помагаат работата на срцето, мускулите, очите, нервниот систем и дигестивниот тракт. Полифенолите кои се пронајдени во кората на ова цитрусно овошје имаат својство на силни антиоксиданси кои можат да се користат при лекување на некои болести или за регулирање на телесната тежина. Потоа, изренданата кора од лимон може да се додава во овошни сокови, а може да послужи и како замена за сол. Ова се десетте причини поради кои треба кората од лимон да ја користите во својата исхрана.
Похранлива од сокот
Кората од лимонот е побогата со нутритиенти од самата негова внатрешност или неговиот сок. Како за пример, во 100 грама кора од лимон има дури 22 пати повеќе калциум, 35 пати повеќе влакна, осум пати повеќе витамин А во однос на 100 мл. исцеден лимонов сок.
Ги чува коските и забите
Само 100 гр. кора од лимон обезбедува 13,4 % од дневните потреби на возрасен човек за калциум, кој е од исклучителна важност за здравјето на крвните садови, мускулите и лачењето хормони.
Ги штити клетките
Лимоновото масло кое се добива од кората на лимонот е богато со д-лимоненон, антиоксиданс кој се има покажано како одличен во борбата против ракот на дојката и дебелото црево, а флавоноидите ја поттикнуваат апсорпцијата на витаминот Ц, кој го спречува штетното делување на слободните радикали.
Го намалува крвниот притисок
Восоката содржина на калиум, заедно со калциумот и магнезиумот, им даваат релаксираност на крвните садови, што се манифестира со намалување на високиот крвен притисок.
Ја регулира столицата
Со оглед на високата содржина на влакна, кората од лимонот се препорачува на оние кои патат од нередовни столици, желудочен чир и враќање на желудочната киселина.
Го изострува видот
Каротеоидот, со кој е богата кората од лимонот, се претвора во витамин А во човековото тело, а овој витамин е многу важен за добар вид и за намалување на ризикот од очни инфекции.
Ги зараснува раните
Се покажало дека екстрактот од лимоновата кора има антибактериско дејство и дека потенцијално може да се најде како современ антибиотик во борбата проив неколку видови бактерии.
Против акни
Кората од лимонот содржи соединенија кои доведуваат до стеснување на порите, што ја прави погодна за третирање акни.
Природен дезодоранс
Направете чај од кората од лимон, а потоа со чисто памукче нанесете го наместо дезодоранс. Остатокот од тинктурата чувајте го во фрижидер и користете го по потреба.
Уништува колера
Една студија покажала дека додавањето екстракт од свежа или сушена кора од лимон делумно го спречува растот и развојот на микробите на колерата.