За да се ослободат од неколкуте килограми вишок, познатите убавици се подготвени речиси на се. Пиење на чаеви со лаксатив, макотрпно вежбање седум дена во неделата, па дури и исхрана базирана на детски кашички. Но, тоа не е само тренд кој го вовеле актуелните диви, а за тоа сведочи и примерот на Мерилин Менро.

Мерилин Монро

Merlin-Monro

 

Мерилин многу водела сметка за исхраната, иако признала дека не била отсекогаш фан на вежбањето. Таа се трудела да јаде многу протеини, па секое утро појадувала едно свежо јајце разматено во чаша млеко. Таа во една прилика изјавила дека многумина мислат дека тоа е лудо, но дека токму заради таквиот појадок, таа можела себеси повремено да си дозволи да го изеде омилениот сладолед, а да не се здебели.

Меган Фокс

Megan-Foks

 

Оваа актерка својата линија ја одржува со редовно вежбање, но има и еден чуден совет- таа пие јаболков оцет. Иако јаболковиот оцет е прилично популарен додаток на исхраната за слабеење, не постојат никакви докази кои одат во прилог на тоа дека јаболковиот оцет навистина ги согорува калориите. Но, изгледа дека кај Меган Фокс ова навистина функционира.

Мараја Кери

Не е никаква тајна дека оваа пејачка одамна води битка со килограмите, па затоа и испробала многу различни начини за слабеење. Но, таа тврди дека најдобар начин за слабеење е “диетата без вкус”. Имено, Мараја ја консумира храната без сол, шеќер ниту зачини.

Мел Би

Бившата членка на групата “Спајс Грлс”- Мел Би има еден забавен совет за сите оние девојки кои имаат проблем со вишокот на килограми- уживајте почесто во сексот! Таа во една прилика објаснила дека за извајаните мускули на нејзиното тело може да му се заблагодари на тоа што во сексот ужива дури по пет пати на ден. Судејќи по фотографиите, пресметката “повеќе секс- помалку килограми” очигледно функционира.

Џенифер Анистон

Dzenifer-Aniston

 

Оваа згодна актерка има навистина чудна тајна за слабеење- таа јаде храна за бебиња! Со цел да го доведе своето тело до совршенство за улогата во филмот “Just go with it”, таа наводно јадела и до 14 порции пасирана храна за бебиња дневно. Не звучи ни малку вкусно, но изгледа дека е навистина делотворно.

Бијонсе

Бијонсе не криеше дека варира со тежината после породувањето. Меѓутоа, таа прибегнала кон многу интересен, но и не толку привлечен трик за да може да се вовлече под секси корсетите за нејзините настапи. Имено, таа пиела многу течности, чаеви со доза на лаксатив, како и пијалоци од лимон и лута пиперка. Се зборува дека дури употребувала и клистирање.

Кристина Агилера

Kristina-Agilera

 

Кристина верува дека бојата на храната која ја јадете може да влијае на слабеењето, па ззатоа секој ден консумира исклучиво намирници со една боја, Бело, црвено, зелено, портокалово, виолетово, жолто и потоа еден ден дозволено е да се јадат сите намирници измешани. Звучи лудо, зарем не?

Мадона

Madona

 

Ако сакате да имате тело како Мадона и во шестата деценија од животот, ќе морате макотрпно да поработите на тоа. Оваа пејачка вежба седум дена во неделата, и никогаш не го повторува истиот тренинг. Таа исто така, многу води сметка и за тоа што јаде и повеќе пати во своите изјави нагласила дека се труди во текот на ноќта да отспие од 10-12 часа.

Викторија Бекам

Viktorija-bEKAM

 

Додека била во групата “Спајс Грлс”, Викторија на сите им говорела што треба да јадат и колку да вежбаат. Но, во последно време Вики има еден нов тренинг кој го обожува – јога за клицето. Таа на овој начин го одржува тонусот на лицето, а кожата изгледа затегнато и секси.