Брзината на метаболизмот има клучна улога во брзината на согорувањето на калориите и топењето на мастите, а освен тоа го олеснува и патот до зголемување на мускулната маса. Меѓутоа, голем број луѓе имаат проблем со прилично бавен метаболизам, па е неопходна да се направат неколку чекори за метаболизмот да се забрза. Во продолжение ви прикажуваме неколку од поттикнувачите за побрза работа на метаболизмот.

Протеин

Сите кои барем малку се разбираат од фитнес и бодибилдинг добро знаат колкава е важноста на протеините. Протеинот е неизоставен елемент во процесот на изградување на мускулите, а освен тоа има и значајна улога во зајакнувањето на имунитетот. Меѓутоа, посебно интересна функција на протеинот е всушност во термичките ефекти кои ги создава во телото, бидејќи е потребно многу енергија за варење што протеините ги прави одлични за забрзување на метаболизмот.

Храна богата со влакна

Влакната се елемент кој не може да се свари, па затоа само проаѓаат низ системот за варење притоа менувајќи ја содржината на дигестивниот тракт, бидејќи ги апсорбираат хемикалиите и некои други хранливи состојки, па ги повлекуваат надвор со себе. Заради тоа, овие влакна се клучни за здравјето. Истовремено имаат и големо влијание врз брзината на метаболизмот на човекот. Зеленчукот и овошјето кои се најбогати со влакна се:

-Лиснат зеленчук (спанаќ, кељ)

-Карфиол и брокула

-Пиперки

-Бобинки, боровинки

-Јаболки

-Портокали, мандарини, грејпфрут

-Зелка

-Бадеми, семки од тиква и слично

Зелен чај

Зелениот чај е богат со полифеноли, антиоксиданси за кои се верува дека се главните состојки кои го помагаат поттикнувањето на метаболизмот за губење на масни наслаги. Освен тоа, зелениот чај содржи и кофеин, силен стимуланс кој го забрзува срцето и го зајакнува метаболизмот.

Кофеин

Една од главните причини за утринското пиење на кафе е заради тоа што помага полесно да се разбудиме. Кофеинот во кафето има влијание на нашето тело баш како дрога- го забрзува работењето на срцето, што пак ги зголемува протокот на крвта и трошењето на енергија. Затоа, кофеинот може да има позитивно влијание на забрзување на метаболизмот, но исто така може да предизвика и аритмија и анксиозност.

Капсаицин (состојка во лутата пиперка)

Состојката која се наоѓа во луатат пиперка, одговорна е за зголемување на топлината и топење на мастите, Освен тоа, таа го редуцира лошиот холестерол и дејствува против воспаленија. Капсацинот е исто така и докажан помагач во забрзувањето на метаболизмот, бидејќи ги забрзува метаболитичките активности и до 30 минути по конзумацијата.

Цимет

Циметот помага при губењето на килограмите на повеќе начини. Еден од нив е тоа што го контролира и намалува нивото на шеќер во крвта, а освен тоа има и термички ефекти кои ги произведува во телото. По конзумацијата, во телото се случува силна термичка реакција која ја зголемува телесната температура и го поттикнува метаболизамот. Кога метаболизмот е забрзан, се трошат повеќе калории и побрзо се намалува телесната маса.

Вода

Две третини од нашето тело се состојат од вода. Заради тоа, водата е една од најсилните супстанци за забрзување на метаболизмот. Значи, се се врти околу количината на внесената вода во телото, а освен тоа, колку водата е постудена, толку повеќе енергија ќе му треба на телото да се загрее до потребната температура.