Здравата храна е гаранција за добро и долговечно здравје, но се чини дека таа не е добра само за тоа. Ако внимаваме што внесуваме во телото и ако го храниме со витамини, постои можност да ги подобриме своите сексуални вештини.

Стручњаците велат дека проблемите со намалувањето на либидото и ерекцијата настануваат поради недостаток на ацетилхолин во мозокот, па во тој случај треба да се јадат печурки, јајца и интегрални житарки.

За подобар секс треба да се консумираат јаболки, црна чоколада и сирење, бидејќи содржат фенилетиламин, молекула која дава природно чувство на возбуденост. На мажите, пак, им се советува да јадат авокадо, кое е богато со витамин Б6 и кое може да помогне да се зголеми нивото на тестостеронот.

За будење на страста кај жените, се советува да се консумираат бадеми и риба, која содржи омега-3 масни киселини. Тие го подобруваат протокот на крвта, а со самото тоа и сексуалното задоволство.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина