Каде најмногу има цинк?
Цинкот е многу важен минерал, чија важност значително се превидува. Тој им помага на многу ензими во телото правилно да функционираат, го јакне имунолошкиот систем и помага при зараснување на рани, синтеза на ДНК и за правилен раст и развој на плодот за време на бременоста. Кога го нема во доволни количини во организмот, може да дојде до многу бројни здравствени проблеми, вклучувајќи и абнормална работа на штитната жлезда, акни, стерилитет (воглавно кај мажите, поради намален број на сперматозоидите), проретчување на косата, осип, губење на телесната тежина, намален раст, забавено зараснување на раните, па дури и депресија.
Се разбира, постои и друга страна од приказната, а тоа е кога се внесува премногу овој минерал во организмот – истражувањата покажуваат дека преголемите количина цинк може да влијаат на појавата на рак на простатата. Затоа, пред да се одлучите за суплементи со цинк, задолжително посоветувајте со доктор или фармацевт. Нус-појавите од земањето цинк орално (се мисли на земањето суплементи) најчесто се мачнина и повраќање, пролив, главоболка, летаргија и непријатен вкус во устата. Токму од таа причина цинкот е најдобро да се внесува по природен пат односно преку храна.
Еве кои се намирници содржат цинк во себе.
- Житарки збогатени со цинк. Одлична причина да појадувате житарки:богат извор се на цинк. Многу од нив се збогатени со цинк со околу 25% од дневната препорачана доза по оброк.
- Млечни производи. Одличен и превкусен извор на цинк се, а посебно сирењето, јогуртот и полномасното млеко. Ако не сте нетолерантни на лактоза, ова е одлична причина што почесто да ги јадете овие производи.
- Месо. Речиси сите меса се богат извор на цинк. Говедското, свинското, пилешкото и мисиркиното се само некои од најдобрите меса богати со цинк.
- Јаткасти плодови и семки. Семките од тиква, индискиот орев и бадемите се здрави грицки кои можат да помогнат да внесувате што повеќе цинк во организмот. Најмногу предничат семките од тиква, па доколку ги сакате, јадете ги почесто. Освен тоа, споменатите јаткасти плодови и семки се природни извори на омега-3 масникиселини, протеини и минерали (првенствено на магнезиум), а цинкот кој го содржат секако се само дополнителен бонус.
Колку цинк ни е потребно дневно?
- новороденчиња и деца од 7 месеци до 3 години – 3 мг. дневно
- деца од 4 до 8 години – 5 мг. дневно
- деца од 9 до 13 години – 8 мг. дневно
- девојчиња од 14 до 18 година – 9 мг. дневно
- деојчиња од 14 години и постари – 11 мг. дневно
- момчиња од 19 гдини и постари – 11 мг. дневно
- жени од 19 гоини и постари – 8 мг. дневно
- трудници – 11 мг. дневно
- доилки – 12 мг. дневно


