Според источните учења, нашето здравје зависи од протокот на Qi животната енергија, односно рамнотежата на нејзините два аспекти – јин и јанг. Ако јинот и јангот се во рамнотежа, виталната енергија Qi непречено кружи низ нашето тело и ние сме здрави, а ако рамнотежата на јинот и јанг е нарушена, тогаш не постои нормален проток на Qi енергијата и ние се разболуваме. Според сфаќањата на традиционалната кинеска медицина, адекватната исхрана е основен предуслов за рамнотежа на енергијата. Јин намирниците воглавно се со благ вкус и го ладат организмот, додека на ароматичните јанг намирници им се припишуваат загревачки својства.

На преминот од старата во новата ера, Кинезите се обиделе да се обединат кинеската култура и филозофијата. Радикалната струја се обидувала да дојде до таа цел со забранување и уништување на книгите на спротивставените школи, додека нивните наследници се обиделе да дојдат до таа цел со соединување на спротивните школи и со нивно спојување во единствен систем. Ваквата филозофија се темелела на Книгата на промени односно И Чинг или Тау. Новата теорија го објаснувала метафизичкото функционирање на целата Вселена, а на база на тоа се развил принципот на јин и јанг т.е. теоријата за петте елементи (дрво, метал, вода, оган, земја).

Суштината на филозофијата на јин и јанг е следна: универзумот владее со единствен принцип. Тао, а тој е поделен на два спротивни принципи – јин и јанг. Овие принципи го менуваат универзумот со помош на петте елементи (ву хсин). Значи, сите промени во вселената: од работењето на човековиот организам, движењето на ѕвездите, течењето на времето и историјата, па се до создавањето музика и делувањето на храната врз организмот, можат да се објаснат со делувањето на јинг и јанг.

Јин и Јанг спротивставени принципи во Вселената

Јанг е претставен со принципите на машкоста, сонцето, создавањето, толината, светлото, небото, доминацијата, додеја Јин е преставен со принципите на женственоста, Месечината, крајот, студот, темнината, материјалното и подреденоста. И двата принципи се создаваат еден со друг; едниот произлегува од својот спротивен пар, а тие промени се одвиваат непрекинато и циклично, така што ниту еднот од нив не доминира над другиот.

Следбениците на кинеската филозофија веруваат дека хармонијата во телото се постигнува со правилна количина на јинг и јанг храната. Исто така, сметаат дека во зимо владеат јанг намирниците (зачинета и тешка храна), додека во лето се препорачува консумирање на јин храна. Јанг храната им се советува и на родителите, на хронично ненаспаните и анемични, додека јин на оние кои се нервозни и оние кои страдаат од болки во грлото.

Сите намирници можат да се поделат во три категории: јин храна, јанг храна и неутрална храна. Термините јин и јанг се однесуваат на тоа дали одредената храна го загрева или го лади организмот. Таквата поделба најчесто не е во врска со вкусовите или со начинот на подготовка, туку зависи од својствата на храната.

Јин храна е (лади): бадеми, јаболки, бамбус, брокула, пиво, зелка, целер, банани, ракови, краставици, јагули, мед, сладолед, патки, лимони, печурки, сол, јагоди, школки, грозје, портокали, ананас, соја, бел шеќер, домати и вода.

Јанг храна е (загрева): говедско, кафеав шеќер, лук, оцет, праз, грав, компир, јачмен, масло од сусам, чадена риба, чоколада, јајца, зелени пиперки, мандарини, гуски, кикиритки, путер, сирење, кафе, мисо, тамари, ореви, вино, шунка, мисиркино месо и виски.

Нутрална храна е: леб, моркови, цреши, праски, сливи, интегрален ориз, урми, грашок, бел ориз варен на пареа.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина